Разрешен директорот на Кардиохирургија

May 27, 2024
1 min read

Министерот за здравство Илир Демири денеска соопшти дека е разрешен медицинскиот директор на Клиниката за кадриохириргија Марјан Шокаровски. Разрешена е и раководителката на Програмата за превенција од кардиоваксуларни заболувања Александра Ефтимова.

На прес-конференција, Демири рече дека по информациите за поголема смртност на оваа Клиника, формирана е комисија и во извештајот што го добил во петокот немало некои позначајни остапувања, но денес добил податок дека 170 пациенти не се регуларно внесени во „Мој термин“.  

– До мене стигнаа наоди дека е зголемена смртноста на Клиниката. Формирав Комисија и извештајот го добив во петокот и немаше никакви значајни отскокнувања. Но, денеска добив друг податок, дека за 170 пациенти не се поднесени информации во „Мој термин“ во однос на отпусни писма и умреници, така што претпоставувам дека таа бројка на смртност може да се промени, рече Демири.

Шокаровски, како што посочи министерот, е разрешен и поради нарушени меѓучовечки односи на Клиниката. 

– Во една таква врвна институција се недозволиви такви нарушувања на меѓучовечките односи. Бидејќи сум министер во заминување сакав ова да го одложам и постапка да спроведе следниот министер или јас доколку продолжам да министерувам. Таму директор треба да биде назачен некој кој е од надвор, рече Демири. 

Шокаровски беше назначен за нов директор откако претходниот министер Фатмир Меџити го разреши долгогодишниот директор на Кардиохирургија, Сашко Јовев.

Во врска со разрешувањето на раководителката на програмата за превенција од кардиоваскуларни заболувања, Демири рече дека побарал информација од Комисијата кои се странските експерти кои се ангажираат преку оваа програма, но дека такви информации не добил. Како што соопшти за еден ваков експерт се одвојуваат по 700 евра дневница. 

– Со програмата за превенција од кардиоваскуларни заболувања, ваквите експерти имаат дневница по 700 евра. Побарав извештај од Александра Ефтимова, која ја води програмата. Таа е разрешена затоа што не даваат информации кои се тие експерти кои доаѓаат, наводно од Дедиње, Република Србија, истакна Демири.

Извор: 24vesti.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Хаваријата на Хируршки клиники може да го крахира здравството

Следно

Столтенберг навива Украина да почне да гаѓа во Русија

Latest from Blog

Победа со пресврт на “Панцерите“: Ундав е херојот на Германците!(ВИДЕО)

ФОТО:facebook.com/fifaworldcup/ Германија – Брегот на Слоновата Коска 2:1.Ова е исходот од мечот од 2.коло во групата Е. „Слоновите“ поведоа со голот на Кеси во 31.минута, додека Германците израмнија со голот на Ундав

Најмалку пет лица се убиени во израелски напади во појасот Газа, меѓу кои и дете

Во израелскиот воздушен напад загинаа четворица Палестинци, вклучувајќи две жени и едно дете, кои беа пронајдени во станбена зграда во градот Газа, соопшти истиот извор. Во напад врз зграда во населбата Сабра

Драма кај Португалците: Соиграчите го бојкотираат Роналдо?! Тој остави порака на Инстаграм!(ФОТО)

фото: Actu Foot @ActuFoot_ (X) И тоа какви проблеми и драми во таборот на Португалците. Кристијано Роналдо се огласи на социјалните мрежи откако беше критикуван по првиот натпревар на Португалија на Светското
Go toTop