Ердоган: Светот треба заедно да создаде побалансиран, поправеден, поинклузивен систем

1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес изјави дека не постои институционален механизам во светот кој би можел да ги заштити угнетените и да ги спречи угнетувачите, јавува Анадолу.

„Мораме да работиме заедно за создавање побалансиран, поправеден и поинклузивен систем“, рече Ердоган на првиот светски самит Албарака во Истанбул, под насловот „Глобални перспективи за исламската економија: Основи и потреби“.

Тој истакна дека глобалниот систем мора да се редизајнира со сите негови елементи во согласност со денешната реалност.

Дводневниот настан, кој ќе заврши утре, ќе собере околу 1.500 луѓе, високи претставници од Туркије и од странство.

Турскиот претседател рече дека на настанот ќе се разговара за многу теми, меѓу кои и за исламската економија и нејзините морални принципи, исламските инвестициски инструменти, одржливиот раст, претпријатијата ориентирани кон профит и концептите на вакафот и зекатот.

„Исто така, важно е што ваков самит се организира во нашата земја“, рече Ердоган.

„Туркије, која историски служеше како комерцијален и хуманитарен мост меѓу Истокот и Западот, почна да ја игра истата улога меѓу финансиските пазари“, рече турскиот претседател.

„Финансискиот центар во Истанбул, кој Туркије го отвори минатата година, стана симбол на напорите и визијата на земјата“, додаде тој.

Ердоган истакна дека меѓународните инвеститори потврдиле дека Истанбул има голем потенцијал во финансиите и во исламските финансии.

„Самитот Албарака се надеваме дека ќе ги поддржи нашите напори да ја подигнеме позицијата на Истанбул како регионален финансиски центар на глобално ниво“, додаде тој.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

Претходно

Меѓународниот суд на правдата му нареди на Израел итно да ја запре офанзивата во Рафа

Следно

Хамас ја поздрави одлуката на МСП за Рафа

Latest from Blog