Турските сили неутрализираа 10 терористи на ПКК/ЈПГ во северен Ирак и Сирија

1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Турските безбедносни сили неутрализираа 10 терористи на ПКК/ЈПГ во северен Ирак и северна Сирија, соопшти денес турското Министерство за национална одбрана, јавува Анадолу.

Пет терористи на ПКК/ЈПГ се неутрализирани во зоната на операцијата „Штитот на Еуфрат“ во северна Сирија, додека петмина се неутрализирани во регионот Гара и зоната на операцијата „Канџа-катанец“ во северен Ирак, соопшти Министерството.

„Нема место за тероризмот и терористите никаде“, порача Министерството преку платформата X.

Туркије ја започна антитерористичката операција „Канџа-катанец“ во април 2022 година за да ги уништи засолништата на терористичката организација ПКК во северните ирачки региони Метина, Зап и Авашин-Басјан во близина на турската граница.

Анкара започна три успешни антитерористички операции од 2016 година преку својата граница во северна Сирија за да спречи формирање терористички коридор на ПКК/ЈПГ и да овозможи мирно враќање на жителите: „Штитот на Еуфрат“ (2016), „Маслинова гранка“ (2018) и „Извор на мирот“ (2019).

Во својата речиси 40-годишна терористичка кампања против Туркије, ПКК, којашто е ставена на листата на терористички организации од страна на Туркије, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на над 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

Претходно

УНИЦЕФ: Животно загрозени 20 новороденчиња во болницата Акса во Газа

Следно

Амбасада на САД во Сараево: Додик е на опасен пат

Latest from Blog