Сообраќајот тековно, нема чекања на граничните премини

1 min read

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Извор: 24vesti.mk

Претходно

Сослушување во Конгресот по повод антисемитизмот и протестите во американските универзитети

Следно

ПОЧИНА АРХИТЕКТКАТА МИМОЗА НЕСТОРОВА-ТОМИЌ, АВТОРКА НА СРУШЕНАТА СТОКОВНА КУЌА „БЕКО“

Latest from Blog

Македонија во силен инвестициски циклус во изградба и модернизација на инфраструктурата- Николоски на средби со колеги од ЕУ ја презентираше програмата на Владата

Влегуваме во силен инвестициски циклус во изградба и модернизација на патната и железничката мрежа во Македонија