Сослушување во Конгресот по повод антисемитизмот и протестите во американските универзитети

1 min read

Во Конгресот синоќа се одржа сослушување поради зачестените чинови на антисемитизам во американските колеџи а по бранот пропалестински протести што изминатиот период се одржуваат низ целата земја.

На протестите во универзитетските кампуси ширум САД досега се задржани околу 3.000 луѓе.

На сведочењето синоќа се појавија претседателите на Северозападен универзитет, Универзитет Рутгер и Универзитет Калифорнија (УКЛА). Законодавците од Комисијата за образование и работна сила на Претставничкиот дом даваа жестоки изјави и прашања до првите луѓе на овие реномирани високообразовни институции околу наводите за антисемитизам и омраза на кампусите и за учеството на полицијата во растурањето на протестите.

Претседателите на универзитетите беа криткувани зошто преговарале со студентите, неместо веднаш да повикаат полиција за да ги растури протестните кампови.

Еден од најтензичните моменти беше кога конгресменката Елис Стефаник, републиканка, го искритикуваше Мајкл Шил од Рутгерс бидејќи не презел мерки околу обвинувањата дека едно лице на еврејски студент му се обратило со зборовите „врати се во Германија да те отрујат со гас“.

Шил изјави дека слушнал за тоа и дека случајот „се истражува“. Но засега ниту еден студент кој е под истрага за разни чинови антисемитзам не бил избркан или суспендиран.

Додека траеше сослушувањето, во Харвард се одржа органзирано напуштање на дипломската церемонија на над илјада луѓе протестирајќи ја одлуката на универзитетот за забрана за учествуваат на церемонијата на 13 студенти од чеврта година. 

Проотест синоќа имаше и во УКЛА каде повторно се подигна протестен камп и демонстрантите се судрија со полицијата откако им беше наредено веднаш да се растурат. Tие потоа одржаа протестно седење во една од универзитетските згради. 

Извор: 24vesti.mk

Претходно

Инвестициите во соларна енергија доведоа до рекордно низок увоз на струја

Следно

Сообраќајот тековно, нема чекања на граничните премини

Latest from Blog