Денеска се слават Св. Кирил и Методиј, основоположници на словенската писменост

1 min read

Денеска се слават светите браќа Кирил и Методиј, кои се сметаат за основоположници на сесловенската писменост. Со тоа тие се заслужни за културниот развој на сите словенски народи.

За животот и дејноста на словенските просветители, најмногу податоци добиваме од делата: „Панонски легенди“, „Климентовото житие од Теофилакт“, „Климентовото житие од Хоматијан“ и „О писменех“ од Црноризец Храбар.

Во современиот свет тие се единствените личности што можат да се дефинираат како мост меѓу вечниот ривалитет на Источна и Западна Европа.

Ако нивната просветителско-христијанска мисија беше столбот на едниот крај од Европа, одлуката на папата Иван Павле Втори да ги прогласи за созаштитници на Европа е столбот од тој мост на другиот крај на Европа.

Секоја година на 24 мај продолжува да се слави нивното дело, најмногу од словенските народи. 

Оттука, денешниот ден во Македонија се одбележува и како верски но и како државен празник. И првиот државен универзитет во земјава, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во чест на нивното дело го носи нивното име.

Извор: 24vesti.mk

Претходно

Сончево со мала до умерена облачност и со умерен ветер од северозападен правец

Следно

Јокиќ и Дончиќ во „првата петорка“ на сезоната во НБА лигата

Latest from Blog

Разгорување на огнот

Израелското разузнавање користело компанија за да достави комуникациски уреди наместени со експлозиви до милитантната група Хезболах,