МЗ не реагира на наводите и насоките од ДЗСИ

May 23, 2024
1 min read

Министерството за здравство молчи по контролата на здравствениот инспекторат во која се утврди дека спротивно на законите се реализирале вработувања на Универзитетската клиника за токсикологија.

Од кабинетот на министерот Демири нема одговор на прашањето дали ќе се валидираат договорите за вработување на неколкумина здравствени работници, за кои инспекторат утврди дека се само со потпис на економската директорка Бесија Иљази, но без потпис и од медицински директор, како што налага законот.

Инспекторатот претходно предочи дека дел од овие договорци немале ниту соодветно образование за позициите и порача дека правниот сектор на министерството треба да ги валидира договорите.

Денеска до медиумите пристигна уште едно соопштение во кое се трврди дека зад истото стојат 57 вработени на клиниката, но без потписи и имиња од испраќачите, а во кое се обраќаат до економската директорка со неколку прашања.

– Дали сте спремна за Вашето економско работење во изминативе 3,5 месеци, јавно да се соочите со Раководителот на сметководтсвото при Клиниката? Дали сте спремна да понесете лична одговорност, што на 15 мај на се уште незавршени парламентарни избори, спротивно на законот, потпишувате решенија на договор на дело со 18 извршители? Дали сте спремна да поднесете лична одговорност, што поради Вашата неажурност, секој ден остануваме без некој лабораториски и токсиколошки реагенс, за што уредно во повеќе наврати сте писмено и усно известени од Раководителот на тој оддел.

Во меѓувреме пак од Државната комисија за спречување корупција инфомираат дека отвориле предмет по сопствена иницијатива за проверка на податоците за имотна состојба и интереси на Бесија Иљази, додека пак во однос на вработувањата за кои Државниот здравствен инспекторат изврши инспекциски надзор, по добивање на записниците, ДКСК ќе донесе одлука за натамошно постапување.

Инспекторатот изврши три контроли во клиниката при што утврди низа неправилности кај менаџментот. Министерот за здравство го разреши само медицинскиот директор, поради како што соопшти несовесно работење во целиот овој изминат период , но и поради тоа што иако имал согласности за продолжување на договорите за работа на 18 лица, тој не постапил и ангажираните оделе на работа без договор и без плата за нивниот труд.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Генералното Собрание на Обединетите нации ја усвои резолуцијата за Сребреница

Следно

Агаси од 2025 капитен на Тимот на Светот во Лејвер купот

Latest from Blog

ДРАМА НА ГРАНИЦАТА МЕЃУ МАРОКО И ШПАНИЈА: Масовен упад на мигранти во Европа спречен со дронови и солзавец

Мароканските безбедносни сили во саботата спречија обид на стотици мигранти, претежно од Субсахарска Африка, нерегуларно да ја преминат границата кон шпанската енклава Сеута. За време на интервенцијата беа употребени солзавец, хеликоптери, беспилотни

Над 20 дипломатско-конзуларни претставништва се без амбасадор или генерален конзул

За 11 од нив веќе се избрани кандидати, кои ќе стапат на должност во различни временски периоди по завршувањето на законската постапка, велат од МНР за „Фокус“, посочувајќи дека станува збор за

Пикси на клупата на Ј.Кореја?! Има еден услов…

ФОТО: Fudbalski savez Srbije/FB Сензационално или не, сепак Драган Стојковиќ Пикси, има шанси да биде селектор на Ј.Кореја. Оваа информација ја потврди самиот Стојковиќ во интервју за јужнокорејскиот портал „KBS“, кој постави

ГЕРМАНИЈА ВО СЕПТЕМРИ НА ИЗБОРИ СЕ СООЧУВА САМА СО СЕБЕ, АфД води на анкетите

 Етаблираните партии, оние кои сега се власт плус Социјалдемократите кои ја загубија власта во Германија, досега не беа во можност да го спречат порастот на десничарската AfD (Алтернатива за Германија) во анкетите

14 години од смртта на Арбен Џафери – од демонстрациите во Тетово и животот во Приштина до еден од највлијателните политичари во Македонија

На 15 август 2012 година, на 64-годишна возраст, почина Арбен Џафери, долгогодишен политичар, интелектуалец и еден од најзначајните претставници на албанската политичка сцена во Македонија. Денес се навршуваат 14 години од неговата
Go toTop