Светски бунт против туризмот

May 23, 2024
1 min read

На Канарските острови во април се одржуваа протести со разбирлива порака: „Туристу, почитувај ја мојата земја.“ Не се луѓето ксенофобични и не им пречат оние кои сакат да ги запознаат природните убавини, локалната храна и обичаи, ама преку глава им се оние дојденци на кои престојот им се сведува на локање евтино пиво по плажи и бодење пикавци во песок.

Не само таму, најозлогласени се Британците кои а) имаат пари и б) не знаат да пијат.

Башка, една третина од луѓето на Канарските острови живеат на работ на сиромаштија а од туристичките приходи не гледаат никакви подобрувања на нивните животи.

Не е едноставно да се дојде до „поквалитетни туристи.“ Нов Зеланд пред неколку години проба со елитистичка понуда но проектот не беше многу успешен. Им дојдоа снобови од кои локалната економија не виоце некој бенефит.

Против туристи и нивниот неподнослив број се имаат бунтувано Барселона, Венеција, Атина, Малага….

Пробуваат сешто: Барселона од Гугл Мапс ги тргна автобуските рути, за постарите да можат да најдат слободно седиште. Венеција воведе дневна туристичка такса за посета на градот. Но, петте евра што  ги бара Венеција не се ништо во споредба со дневната такса која ја  воведе Бутан – 100 евра на ден. Такса воведе и Бали.

Надлежните туристички асоцијации предвидуваат дека 2024 ќе биде биде рекордна по бројот на туристи и приходите од нив.

**********

Види и:

Дежуловиќ: Јебо вас туризам

Туристи, одете си дома!

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сиљановска Давкова во Ватикан доби поддршка од папата за евроинтеграцијата, средбата со Радев одложена за некоја следна прилика

Следно

Гравина: Аталанта е гордоста на Италија

Latest from Blog

По грчката акција „Вардарис“ – истрага и притвор за едно лице осомничено за транспорт на 324 килограми марихуана

Предметен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, постапувајќи по кривична пријава поднесена од Министерството за внатрешни работи, донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице.

ПРОДОЛЖУВА ПОСТАВУВАЊЕТО НА БАТЕРИСКИ СИСТЕМИ – КЛУЧЕН ЧЕКОР ВО ЕНЕРГЕТСКАТА ТРАНЗИЦИЈА

ФЕРОИНВЕСТ продолжува со поставување батериски системи на фотонапонски електрани, помагајќи им на електраните да го издржат прекумерното производство на електрична енергија преку ден, и да ги заштити нив од ниски цени и

Американски носач на авиони се враќа дома. Екипажот се жалел на тешките услови

Централната команда на САД (CENTCOM) објави фотографии од носачот на авиони „УСС Џорџ Х.В. Буш“ во Арапското Море, со што се потврдува замената на екипажот на носачот „УСС Абрахам Линколн“ по неколкумесечни
Go toTop