Гравина: Аталанта е гордоста на Италија

1 min read

Претседателот на италијанската фудбалска Федерација Габриеле Гравина ѝ го честита на Аталанта освоениот трофеј во Лигата на Европа.

„Аталанта е гордоста на Италија! Честитки до семејството Перкаси (сопствениците на Аталанта), целото раководство на клубот, спортскиот и техничкиот штаб и играчите! Овој триумф е природен резултат на годините на раст на клубот од Бергамо“, посочи Гравина во честитката.

Аталанта во средата вечер го совлада Баер Леверкузен со 3-0 во финалето на Лигата на Европа во Даблин и го освои својот прв европски трофеј во историјата.

„Ова се многу години на доследно менаџирање, на убав стил на игра и на изнесување во преден план бројни таленти кои ќе останат во историјата на нашиот фудбал“, напиша првиот човек на италијанскиот фудбал.

Извор: kurir.mk

Претходно

Светски бунт против туризмот

Следно

Црногорец и Холанѓанец барани од Интерпол уапсени во Туркије

Latest from Blog

Чарлс Гарет и пучот во Македонија

Западните медиуми покажаа мал интерес кога антизападната ВМРО-ДПМНЕ постигна убедлива победа на претседателските и парламентарните избори