Колумбија ја затвори амбасадата во Израел

May 23, 2024
1 min read

Колумбискиот претседател Густаво Петро нареди отворање на амбасада во палестинскиот град Рамала, изјави вчера пред новинарите министерот за надворешни работи Луис Жилберто Муриљо. „Претседателот Петро даде наредба да се отвори колумбиската амбасада во Рамала, претставништвото на Колумбија во Рамала, тоа е следниот чекор што ќе го направиме“, рече Муриљо.

Муриљо додаде дека верува оти наскоро повеќе земји ќе почнат да се залагаат за признавање на палестинска држава пред Обединетите нации, што Колумбија веќе го поддржа. Претходно овој месец, Петро, ​​кој веќе го повлече колумбискиот амбасадор од Тел Авив, рече дека ќе ги прекине дипломатските врски со Израел поради неговите акции во Газа. Амбасадата беше затворена на 3 мај.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Васер: Мекларен и Ферари можат да се борат за титулата со Ред Бул

Следно

106 санкционирани возачи во Скопје

Latest from Blog

Охридското Езеро годинава ќе биде порибено со 1,6 милиони единки пастрмка

Годинава се планира Охридското Езеро да биде порибено со околу 1,6 милиони единки од ендемичниот вид охридска пастрмка, што е за околу 500 илјади повеќе во споредба со минатата година, информираше заменик-министерот

СДСМ: И во Кривогаштани куп бактерии во водата за пиење

СДСМ преку соопштение обвини дека проблемот со безбедноста на водата за пиење во Македонија добива пошироки размери, откако, според партијата, во јавна чешма во Кривогаштани биле утврдени бактерии кои ја прават водата
Go toTop