Вербални закани кон претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска

May 18, 2024
1 min read

Денеска напладне во близина на ТЦ „Рамстор“ во центарот на Скопје непознато лице вербално и се заканувало на претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска по што интервенирало нејзиното обезбедување.

– Полициски службеници од Полициската станица Центар денеска во 14:00 часот го лишиле од слобода В.П.Г. (57) од Богданци, постапувајќи по претходна пријава дека во угостителски објект во трговски центар на подрачјето на Центар во Скопје упатил закани кон Д.К.(67) од Скопје со зборовите „ќе одговараш, страшно ќе одговараш”. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот во координација со јавен обвинител против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 144 од Кривичниот законик, соопшти МВР. 

Од Уставниот суд потврдија дека претседателката на Судот Кацарска денеска во полициска станица пријавила вербален напад и загрозување на сигурноста. Изјава за настанот во полиција дале неколку сведоци. 

Претходно, на 15-ти овој месец во подземна гаража на зграда во Центар пронајдени се импровизиран кревет и кујнски нож на гражаното место на Кацарска.

Извор: 24vesti.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап во Бундеслигата за клубот

Следно

На фудбалери помлади од 11 години ќе им биде забрането да играат со глава

Latest from Blog

Најубава најава за дуелот САД – БиХ: Се спомнуваат Џордан, Алкатраз, ЦИА против Бело Дугме, Гаврило Принцип, бурекот!(ФОТО)

ФОТО:x.com/SolzenjicinH Во Босна и Херцеговина се е во знакот на Мундијалот. Џеко и другарите веќе се во 1/16 финалето каде налетаа на домашната селекција на САД. Јасно е дека улогата на фаворит

Разузнавачки извори откриваат дека Русија подготвува можна провокација во балтичките земји или Полска

Западните извори, исто така, стравуваат дека може да има опасност на хоризонтот, бидејќи Кремљ е под притисок од кампањата на Украина за напади со долг дострел врз цели во близина на Москва

Не одете во шума без дозвола – казните се огромни

Надлежните институции предупредуваат дека непочитувањето на забраната за движење во шумските подрачја ќе се санкционира со високи парични казни. Според важечките правила, секое физичко лице кое ќе биде затекнато во шума без
Go toTop