Цивилна заштита: Пронајдени тела на 93 Палестинци во кампот Џабалија

May 18, 2024
1 min read

АНКАРА

Телата на најмалку 93 Палестинци се пронајдени во бегалскиот камп Џабалија во Појасот Газа од почетокот на израелската офанзива на кампот пред шест дена, известува Анадолу.

„Пожарите избувнаа во кампот Џабалија како резултат на континуираното израелско бомбардирање. Противпожарните екипи не можеа да стигнат до погодените области во кампот“, изјави за Анадолу Ахмед ал Кахлот, директор на Цивилната заштита во северниот дел на Појасот Газа.

Ал Кахлот информираше дека телата на 93 Палестинци се извлечени од кампот Џабалија.

„Многу тела беа фрлени на патиштата во кампот Џабалија, а тимовите не беа во можност да ги извлечат поради континуираното израелско бомбардирање“, додаде Ал Кахлот.

Израел започна брутална воена офанзива врз Појасот Газа со неселективно бомбардирање на цивилни населби, училишта, верски објекти и болници по нападот на палестинската група Хамас на 7 октомври.

Според палестинските здравствени власти, во израелските напади на Појасот Газа се убиени повеќе од 35.300 Палестинци, главно жени и деца, а повеќе од 79.200 се повредени.

По повеќе од седум месеци од почетокот на израелската војна, големи делови од Појасот Газа се во урнатини, а 85 отсто од населението на енклавата се внатрешно раселени.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата. Привремената пресуда во јануари му нареди на Тел Авив да ги запре геноцидните акти и да преземе мерки хуманитарната помош да стигне до цивилите во Газа.

И покрај тоа, израелските напади врз Појасот Газа продолжуваат со несмален интензитет, а испораката на хуманитарната помош не е доволна за решавање на хуманитарната катастрофа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Денеска е Св. великомаченичка Ирина

Следно

Изгласана новата Влада на Хрватска

Latest from Blog

Морничава порака од Израел: “НА АМЕРИКА ТРЕБА ДА И СЕ СЛУЧИ НОВ 11. СЕПТЕМВРИ…“

Израелскиот аналитичар за одбрана, Бени Сабти, изјави дека САД можеби ќе мора да претрпат уште еден голем напад за да ја вратат поддршката за Израел. Сабти, експерт за Иран во израелскиот Институт

Стентон Градба успешно го реализираше индустрискиот капацитет на Brainchild

Новиот производствен објект на компанијата Brainchild во ТИРЗ Жабени – Битола е завршен и ставен во функција, а изведбата на проектот ја реализираше градежната компанија Стентон Градба, која уште еднаш го потврди

Божиновска: Жените инженери се двигател на енергетската иднина

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска упати порака по повод Меѓународниот ден на жените во инженерството, истакнувајќи дека жените сè почесто ја менуваат сликата во енергетскиот сектор и придонесуваат

ВЛЕН: До 10.000 евра за млади кои сакаат да започнат сопствен бизнис

Со објавувањето на јавниот повик за мерката за самовработување започнува имплементацијата на Оперативниот план за вработување 2026, кој, според ВЛЕН, претставува значајна можност за граѓаните и развојот на претприемништвото. Преку оваа мерка,
Go toTop