Уште еден инцидент на Косово: Момче нападнато додека се враќало од божикна литургија

January 7, 2023
1 min read

Инцидентот го потврди и регионалната полиција на Гнилане, која вода истрага за случајот, но оттаму засега нема детали за настанот

Група Албанци ноќеска околу 2 часот и 30 минути нападнале момче, кое со својот брат се враќало од полноќна божикна литургија во Клокот, соопшти Канцеларијата за Косово и Метохија, јавува Н1.

По завршувањето на богослужбата во црквата, Стефан Томиќ (18) се упатил кај тетка му, кога по пат бил нападнат од група Албанци, од кои некои ги препознал како обезбедувачи во локален ресторан, се додава во соопштението.

Стефан се здобил со повреди на окото, раката, стомакот и нозете, а лекарска помош побарал во здравствена установа во Витина.

фото: Н1

Семејството целиот случај го пријавило во полиција, која до раните утрински часови го испрашувала Стефан за нападот.

Инцидентот го потврди и регионалната полиција на Гнилане, која вода истрага за случајот, но оттаму засега нема детали за настанот.

Ова е втор напад на Косово во два дена, откако вчера, oд возило во движење се пукаше во две момчиња во Готовуша додека носеле бадниково дрво.

Косовската полиција синоќа соопшти дека е уапсен 33-годишен маж, осомничен дека пукал и повредил две деца во близина на Штрпце. Приведениот е припадник на косовските безбедносни сили.

Извор: 360stepeni.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Видео: 23 милиони денари ќе се потрошат за општинската зграда во Карпош

Следно

Дел од политичарите открија кај кого се паднала паричката

Latest from Blog

Евростат: Македонија со најниски цени во Европа

Македонија е најевтина земја во Европа според најновите податоци на Евростат. Но, иако цените се најниски, тоа не значи и повисок животен стандард, бидејќи економистите нагласуваат дека ниските цени најчесто се поврзани

Министерот Тошковски презентираше двегодишен отчет: Најниско ниво на криминалитет во последните 20 години и продолжување на реформите во МВР

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го презентираше отчетот за работата на Министерството за внатрешни работи во изминатите две години, истакнувајќи дека од самиот почеток на мандатот била поставена јасна определба

Комуналец Прилеп: Секој агол од Могилата сведочи за грижа и посветеност

Паркот на Могилата во Прилеп и оваа сабота ги пречека посетителите во беспрекорна состојба – чисти патеки, уредени зелени површини и пријатна атмосфера што ги привлекува граѓаните да го поминат слободното време
Go toTop