На претседателски избори до 11 часот гласале 141 087 лица, излезноста на парламентарните 13,69 отсто

May 8, 2024
1 min read

Во вториот круг претседателски избори до 11 часот согласно податоците од 2.080 избирачки места гласале 141 087 лица, односно 12,87 отсто од вкупно запишаните 1.096.217 гласачи. Најголема е излзеноста во Пробиштип, 27,85 отсто, а најмала во Липково, 1,76.

-За парламентарните избори, пак, излезеноста е 13,69 отсто, покажуваат податоците од 1 976 избирачки места каде гласале 140 990 избирачи. Излезеноста е најголема во Кривогаштани, 28,38 отсто, а најмала во Врапчише, 5,2 отсто, соопшти претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски. 

На прес – конференција по почетокот на денешното гласање, Даштевски информира во однос на претодно пријавените технички проблеми, во три избирачки места биле отстранети, а во Кочани, Охрид и Куманово ќе се продолжело со гасање на стариот начин со гласање со уве лампа и спреј.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Вакцината на „АстраЗенека“ за Ковид-19 повлечена од пазарот на ЕУ поради несакани ефекти

Следно

ИЗАБЕЛ ИПЕР ЌЕ БИДЕ ПРЕТСЕДАТЕЛКА НА ЖИРИТО ЗА ЗЛАТЕН ЛАВ ВО ВЕНЕЦИЈА

Latest from Blog

Охридското Езеро годинава ќе биде порибено со 1,6 милиони единки пастрмка

Годинава се планира Охридското Езеро да биде порибено со околу 1,6 милиони единки од ендемичниот вид охридска пастрмка, што е за околу 500 илјади повеќе во споредба со минатата година, информираше заменик-министерот

СДСМ: И во Кривогаштани куп бактерии во водата за пиење

СДСМ преку соопштение обвини дека проблемот со безбедноста на водата за пиење во Македонија добива пошироки размери, откако, според партијата, во јавна чешма во Кривогаштани биле утврдени бактерии кои ја прават водата
Go toTop