Србија, Словенија и Хрватска влегоа го големото финале на Песна на Евровизија

May 7, 2024
1 min read

Спекракуларно започна годинешното 68 издание на Песна на Евровизија во Малме, Шведска. За титулата најдобра песна во Европа ќе се натпреваруваат претставници од 37 земји, во две полуфинални вечери од кои десет ќе влезат во големото финале.

Диреткно пласирани во финалето се домаќинот Шведска, потоа петте големи земји познати како „големата петорка“ Германија, Обединетото Кралство, Франција, Италија и Шпанија.

Вечерва настапија Кипар, Србија, Литванија, Литванија, Ирска, Украина, Полска, Хрватска, Исланд, Словенија, Финска, Молдавија, Азербејџан, Австралија, Португалија и Луксембург. Претставиците на Ирска предизвикаа вистински шок на сцената со необичниот сценски настап и изведба додека хрватскиот претставник Бејби Лазања со својот настап ја крена салата на нозе и предизвика невидена еуфорија во салата. Србија настапи втора, Хрватска седма, а Словенија деветта.

Босна и Херцеговина, Црна Гора и Македонија не учествуваат ниту оваа година поради финансиски причини. Година за првпат во исто полуфинале се најдоа сите земји учеснички од поранешна Југославија (Србија, Хрватска и Словенија), што досега не се случило.

Додека траеше гласањето, на сцената се појави Џони Логан и ја отпеа Еуфорија. Тој е апсолутен рекорден на Евровизија со три победи, двапати како изведувач и една како автор на победничката песна. На сцената покажа дека и на 70 години, се уште е маестрален пејач.

Годинава се вовудва промена во гласањето во големото финале. Гледачите повеќе нема да чекаат да се изведе последната песна, туку ќе гласаат за своите фаворити од самиот почетокот. Овој начин на гласање се користеше во 1997 година, кога првпат беше воведено телефонското гласање и во 2010 и 2011 година.

Во финалето влегоа Србија, Португалија, Словенија, Украина, Литванија, Финска, Кипар, Хрватска, Ирска и Луксембург. 

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Каратистите ги добија противниците за ЕП

Следно

Анчелоти: Ова се мечеви кои не сакате да ги пропуштите

Latest from Blog

ФОТО + ВИДЕО | СО ЧЕКАН ВО РАЦЕ: Израелски пратеник го урна палестинскиот споменик на Западниот Брег

Израелскиот пратеник од крајната десница, Зви Сукот, заедно со неколку соработници, со чекани го срушил споменикот посветен на загинатите Палестинци во селото Мадама на Западниот Брег, при што инцидентот предизвика осуди и

Костадинов: Да се намалат платите на функционерите и да им се даде на земјоделците за пиперката

Поранешниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов, даде идеја како да им се помогне на земјоделците да можам да добијат соодветна цена за килограм пиперка – ајварка. -Како опозиција, сосем е легитимно да

Проданоски: Над 500 првачиња во Прилеп ќе добијат по 3.000 денари од Општината

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, информира дека процесот на оптимизација на образованието во општината е успешно завршен, при што, како што посочува, ниту едно подрачно училиште нема да биде затворено, а
Go toTop