Бугарија влегува во изборна кампања, дали промената на македонскиот устав ќе стане тема за предизборни пресметки?

May 7, 2024
1 min read

Бугарија влегува во изборна кампања, дали промената на македонскиот устав ќе стане тема за предизборни пресметки?

Додека Македонија ја завршува последната фаза од изборниот циклус, Бугарија почнува со нова изборна трка. Бугарските аналитичари прогнозираат дека темата – вметнување на Бугарите во макеоднскиот устав, повторно може да се најде во фокусот на мејнстрим партиите, но само како домино ефект- испровоциран од македонска страна.

– Ако во однос на вашите избори, има остри изјави, кои може да предизвикаат, на кој било начин, бугарските партии, да реагираат (како на политичките мејнстрим), тука мислам на ГЕРБ, ДПСЕ, можеби дури и на Продолжуваме со промената и Демократска Бугарија, во желбата да се израмни со острата реторика. Тогаш можеби Макеоднија би можела да преземе поважно место, но тоа би било како реакција на изјава или чекор од ваша страна. Ако следи некој чекор, хипотетички, тоа може да се одрази на кампањата кај нас. – вели Ангел Петров од Дневник, Бугарија.

Експертите очекуваат жестока кампања во Бугарија. Навредите и обвинувањата , велат дека ќе бидат секојдневно на предизборното мени. Сепак, тоа нема да промени ништо во постизборната слика на Бугарија, која според нив, повторно ќе заврши со ротирачка влада.

– Иронијата е токму тоа што Бугарија, најверојатно ќе заврши во иста ситуација, за што е неопходно да се формира ротирачка влада. Ова ги остава странките во незавидна ситуација на водење кампања еден против друг, да се борат со навреди, со клевети, со обвинувања. Веќе гледаме уште пред почетокот на кампањата, гледаме дека главаната поента во реториката на ППДБ е дека ГЕРБ ќе коалицира со ДПСЕ во иднина, а како партија е крајно неприфатлива за голем дел од електоратот, како на тој од ГЕРБ, така и на ППДБ, на кројт на краиштата. – вели Петров.

Во Бугарија, ова се шести избори во рок од три години. По изборите во април минатата година, Бугарија имаше заедничка ротирачка влада.Тие се договорија за 18-месечна влада со ротација на премиерите, прво Николај Денков од ЦЦББ, а по девет месеци, Марија Габриел од ГЕРБ. Сепак Габриел не успеа да формира влада, па на 27 март и Денков ја отфрли поканата на Радев да се обиде да состави влада.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Причината која би можела да ги смири Вилијам и Хари е срцепарателна: Кралот Чарлс исто така сака подобар однос со синот

Следно

ПОБЕДИ НА ЕВРОВИЗИЈА САМО НА 23 ГОДИНИ: Лицето на Хелена Папаризу денес исто, а кога ќе го видите нејзиното тело ќе ви падне вилицата до земја! (ФОТО)

Latest from Blog

Муртези: Нашата визија е Чаир да стане центар на урбаниот живот и културата

Коалицијата ВЛЕН официјално ја претстави листата на советници за претстојните локални избори на 19 октомври во општина Чаир. Листата не претставува само имиња, туку тим од познати и почитувани луѓе кои се

Шест лица, меѓу кои и едно дете, загинаа во судир на автомобил и воз во Узбекистан

Шест лица, меѓу кои и едно дете, загинаа во судир меѓу автомобил и воз на железнички премин во Узбекистан, соопшти денес прес-службата на Узбекистанските железници. Според прес-службата, на необезбеден железнички премин помеѓу

По пожарот во Трубарево: Една пациентка хоспитализирана, на домашно лекување полицаец, припадник на АРМ и директорот на ЦУК

Надвор од животна опасност се четирите лица кои побарале помош по пожарот што избувна вчера во складиштето за рециклирање отпад  во скопско Трубарево. На Клиниката за токсикологија е хоспитализирана жителка на Трубарево,

Меџити: Ќе има 24-часовен мониторинг на воздухот во Трубарево

Министерството за животна средина и просторно планирање, предводено од првиот вицепремиер и министер Изет Меџити, соопшти дека се преземени итни мерки за заштита на здравјето на граѓаните по пожарот што избувна во
Go toTop