ВИДЕО: Марија Спасовска има „Минато“ што ветува блескава иднина

May 7, 2024
1 min read

Марија Спасовска има „Минато“ што ветува блескава иднина. Имено, „Минато“ е насловот на нејзината нова песна, во која младата македонска пејачка продолжува да го турка својот омилен стил како сопствен израз во музичкиот правец кој најмногу и лежи. Овој пат во своевидна модерна ар ен би балада која преминува во побрз ритам, за потоа одново да заплови во помирни музички води.

Емотивна во изведбата како и во стиховите на кои како и на музиката Марија и самата е автор, само ја надополнува нејзината слика на изведувач кој покрај несомнените вокални квалитети и впечатливата експресија во интерпретацијата, се наметнува и како се’посериозен автор. Засега само на своите песни, а во иднина која да знае… На сето тоа се надоврзал и познатиот композитор и музичар Николче Мицевски, кој со својата аранжманска бравурозност ја обоил целата мелодија, пакувајќи ја во едно модерно музичко парче кое и тоа како кореспондира со современите музички текови.

промо

Како и за сите останати песни досега и најновата „Минато“ е визуелизирана со видеозапис, чија режија овој пат ја потпишува Горан Симјаноски/Gogorzr. Во него младата поп уметница дополнително ги искажува и своето несомнено актерско умеење, вешто преточувајќи и улогите кои моменталниот музички израз и стиховите во одреден дел од песната тоа од неа го бараат… Од љубов и среќа, до болка и очај, од блаженство до разочарување… Актерска експресија која дополнително им дава впечатливост на песната и видеото како еден своевиден аудио-видео пакет, една комплетна музичка целина.

Во сето тоа своја улога на нејзин партнер има и младиот модел Андреј Димоски, кој заедно со Марија ја водат замислената фабула во оваа музичка приказна.

Како сето тоа звучи и изгледа, проследете од видеото во продолжение…

Извор: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Барселона е заинтересирана за Дарвин Нуњез

Следно

Од утре поевтинуваат горивата, објавен новиот ценовник

Latest from Blog

Муцунски во Луксембург – потпишана Меѓународната конвенција за заштита на професијата адвокат

Од Стокхолм, каде што оствари работна посета на Шведска, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, отпатува за Луксембург, каде учествуваше и се обрати на 134-та сесија на Комитетот на

Тихомир Јанчовски ја објави стихозбирката „Пеколот е мало место“

Во поетската едиција на Книгоиздателството „Макавеј“ е објавена стихозбирката „Пеколот е мало место“ на поетот Тихомир Јанчовски. Како што информира „Макавеј“, „Пеколот е мало место“ се надоврзува на претходниот поетски опус на

Честитки за победата до Рама од Лајен, шефови на држави и влади

Победата на неделните парламентарни избори на албанскиот премиер и лидер на Социјалистичката партија, Еди Рама, му ја честитаа поголем број премиери, шефови на држави но и претседателката на Европската комисија, Урсула фон

Мицкоски: Следната недела ќе имам повеќе информации за моите делувања по излегувањето на Таравари од Владата

Премиерот Христијан Мицкоски пак одговарајки на новинарско прашање кажа дека следната недела ќе каже повеќе околу неговата одлука дали ќе чека Таравари и министрите сами да си дадат оставка или ќе ги
Go toTop