(ВИДЕО) Му наредив на Пентагон кинескиот балон да биде соборен што е можно побрзо, вели Бајден

February 4, 2023
1 min read

По соборувањето на балонот за кој Соединетите американски држави (САД) се сомневаат дека е шпионски кинески балон, се јави со коментар и американскиот претседател Џо Бајден. Тој изјави дека акцијата била успешна и дека тој лично му наредил на Пентагон да го соборат штом ќе биде безбедно.

„Во средата бев информиран за балонот. Му наредив на Пентагон да биде соборен што е можно побрзо. Одлучивме леталото да биде соборено на таков начин што нема да нанесе штета никому на земјата. Одлучивме дека најдобро е тоа да го направиме кога ќе биде над вода“,

рече Бајден.

Кинескиот балон кој првично беше забележан во средата во Монтана, над воена база каде, според извештаите, се чуваат 150 интерконтинентални балистички ракети вооружени со нуклеарни боеви глави. Пентагон го опиша како сомнителен објект за набљудување од висина.

Кинеското министерство за надворешни работи соопшти дека станува збор за метеоролошки цепелин кој што го изгубил курсот.

Фото: EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

Извор: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

На колкумина денеска им беше забранет влез во Македонија: МВР не кажува, БНТ јавува за повеќемина

Следно

Мурињо: Можев да ја напуштам Рома уште во декември

Latest from Blog

Меџити: 25 години по Охридскиот договор, еднаквоста мора да се гледа во животот на граѓаните

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, денеска истакна дека 25 години по потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, одговорноста е да се зачуваат стекнатите права, да се институционализираат и

МВР: Не е точно дека на 700 Филипинки им е дадено македонско државјанство

Министерството за внатрешни работи ги демантира наводите дека 700 државјанки на Филипините, кои се наоѓаат во Австралија, добиле македонско државјанство и македонски пасоши. „Станува збор за целосно неточни и непроверени информации. Министерството

Николоски: Нови авиолинии и инвестиции се можност за забрзан развој на туризмот

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски оствари средба со претставници на „Корендон“, една од најголемите туристички групации во Европа, на која било разговарано за можностите за нови инвестиции, развој
Go toTop