Борел: Офанзивата на Израел врз Рафах ќе доведе до уште поголем број цивилни жртви

May 7, 2024
1 min read

Високиот претставник на Европската Унија (ЕУ) за надворешна и безбедносна политика, Жозеп Борел денеска изјави дека и покрај јасните предупредувања од ЕУ, САД и други земји, решеноста на Израел да изврши компнена офанзива врз Рафах ќе доведе до смрт на уште поголем број цивили, пренесуваат светските агенции.

Израелски воени преставници утрово соопштија дека нивните сили ја презеле контролата врз палестинската страна на преминот Рафах меѓу Појасот Газа и Египет, кој е клучна стратешка точка и единствената порта за влез на хуманитарна помош во Појасот.

Изјавата шефот на европската дипломатија ја даде пред почетокот на денешниот состанок на Советот за надворешни работи на Унијата на ниво на министри задолжени за развојна и меѓународна соработка.

„И покрај сите барања на меѓународната заедница, САД, земјите членки на Европската Унија, до (изралескиот премиер) Нетанјаху да не ја напаѓа Рафах, нападот почна ноќеска. Се плашам дека ова повторно ќе предизвика многу жртви, цивилни жртви. Што и да кажат. Нема безбедни зони во Газа“, пренесува Ројтерс дел од изјавата на Борел.

Извор: alsat.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Канцеларијата за хуманитарна помош на ОН: Затворени премините Рафа и Керем Шалом

Следно

Бројот на турски компании за вештачка интелигенција вртоглаво расте

Latest from Blog

СЕ ТРЕСЕШЕ ТЛОТО ВО ЗАПАДНИОТ ДЕЛ ОД ЗЕМЈАВА, еве каде е епицентарот

Според податоците со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, во 00 часот и 06 минути беше почувствуван земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Тетово-Гостивар, со Рихтерова локална магнитуда,

ВЛЕН: 24 месеци отчетност, реформи и конкретни резултати

ВЛЕН одбележа 24 месеци учество во Владата под мотото „Транспарентност и отчетност“, истакнувајќи дека изминатите две години се обележани со конкретни реформи, реализирани проекти и политики насочени кон подобрување на животот на

Израел: Убивме неколку вооружени терористи во Сирија

„Вчера, воените сили елиминираа неколку вооружени терористи во безбедносната зона на југот на Сирија“, се вели во соопштението на армијата, додавајќи дека тие ќе „продолжат“ да дејствуваат таму „и да елиминираат каква
Go toTop