Забрана за влез во Македонија и казни од 300 евра: Бугарските државјани кои беа приведени на граница се протерани од земјава

February 4, 2023
1 min read

По 300 евра парична казна и протерување и 3 години забрана за влез во земјава добија тројцата бугарски државјани кои на граничниот премин Деве Баир денеска се обиделе физички да нападнат полицајци, соопшти доцна вечерва Министерството за внатрешни работи.

„Околу 12.45 часот на граничниот премин Деве Баир дошло до нарушување на јавниот ред и мир од страна на Г. З. (35), А. Х. (50) и Р. Х. (54), бугарски државјани кои најпрво вербално, дрско и недолично со најпогрдни зборови се однесувале, а потоа се обиделе и физички да ги нападнат полициски службеници кои преземале службени дејства, при што се приведени и се работи на целосно расчистување на случајот“, соопшти претходно МВР.

Ова следува откако заврши процесот во судот во Крива Паланка за уапсените бугарски државјани кои беа приведени по инцидентот на граничниот премин Деве Баир. Тројцата уапсени бугарски државјани се гонеа за сторен прекршок, нарушување на јавен ред и мир. Меѓу нив е и пратеникот на „Вазраждане“ Ангел Георгиев.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Димитриеска-Кочоска им даде поддршка на болните од цистична фиброза, испрати порака до Владата

Следно

На колкумина денеска им беше забранет влез во Македонија: МВР не кажува, БНТ јавува за повеќемина

Latest from Blog

Комуналец – Прилеп: Отстранет отпадот од џамијата, следува редовно одржување

Вработените од ЈКП „Комуналец“ – Прилеп, заедно со доброволци од Исламската верска заедница и под надзор на стручни лица од НУ „Завод и музеј“, денеска спроведоа финална акција за чистење на внатрешноста

ВРЕДИ: „Црната кутија“ на Груби ќе открие кој стои зад казината

Коалицијата ВРЕДИ обвини дека партијата ДУИ со години имала клучна улога во управувањето и ширењето на индустријата на игри на среќа, додавајќи дека денешните обиди за отворање на ова прашање претставуваат политичка

ВЛЕН: Крај на наметнати решенија – почнува ера на дијалог во образованието

Коалицијата ВЛЕН соопшти дека новиот закон за високо образование е резултат на широки консултации со академската заедница и ги одразува барањата на универзитетите, особено на оние на албански наставен јазик. Од ВЛЕН

Проданоски: Прилеп е дел од франкофонската приказна што обединува

Во Прилеп денеска се одржа настан посветен на франкофонијата под мотото „Франкофонијата обединува срца – преку јазикот до мир“, кој донесе празнична атмосфера, инспирација и силна порака за културно поврзување. Градоначалникот на

СЕ ЗНАЕ ШТО ПЛАНИРА ПУТИН, И НЕ Е ДОБРО: „Веќе има 500.000 мртви“

Рускиот претседател Владимир Путин би можел да започне конфликт со НАТО во рок од една година од завршувањето на војната во Украина, наведуваат холандските разузнавачки информации. Холандската воена разузнавачка и безбедносна служба
Go toTop