(ВИДЕО) Соборен кинескиот балон што леташе над САД

February 4, 2023
1 min read

Соборен е кинескиот воздушен балон за кој постои сомнеж дека имал за цел шпионажа, соопштија Соединетите Американски Држави (САД). Балонот бил соборен над сојузната држава Северна Каролина. Според соопштението, во тек е операција во водите во Атлантскиот Океан за собирање на остатоците од балонот кој летал на околу 18 илјади метри висина и се проценува дека е со големина на три училишни автобуси.

Кинескиот балон првично беше забележан во средата во Монтана. Пентагон го опиша како сомнителен објект за набљудување од висина, а кинеското министерство за надворешни работи соопшти дека станува збор за метеоролошки цепелин што го изгубил курсот.

Кина денеска ги отфрли обвинувањата за шпионажа, велејќи дека станува збор за истражувачки балон кој излегол од рутата поради „виша сила“ и ги обвини американските политичари и медиумите дека ја искористуваат ситуацијата за да ја оцрнат Кина.

Пентагон во петокот соопшти дека втор кинески балон е забележан во Латинска Америка, но не ја прецизираше точната локација.

Фото: EPA-EFE/NELL REDMOND

Извор: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Остро интонирана реакција од Софија до Скопје: Понижувачи однос кон бугарскиот народ и Бугарија

Следно

Димитриеска-Кочоска им даде поддршка на болните од цистична фиброза, испрати порака до Владата

Latest from Blog

Дел од Тетово и тетовско утре без струја поради замена на дрвен столб со бетонски столб

Дел од Тетово и тетовскиот регион утре, 14 август, ќе останат без електрична енергија поради планирани интервенции на електродистрибутивната мрежа. Според најавата, во периодот од 08:00 до 14:00 часот без струја ќе

Шпанскиот Суперкуп ќе се игра во Истанбул

Шпанската фудбалска федерација објави денеска дека донесена е одлука, мини турнирот од Суперкупот на Шпанија, годинава да се одигра ни помалку ни повеќе туку во Истанбул. На стадионот „Ататурк“. На него ќе

Битка за критични минерали: САД инвестираат милијарди за намалување на зависноста од Кина

Американскиот претседател Доналд Трамп и најави три милијарди долари нови инвестиции во рударството, со цел САД да ја намалат зависноста од Кина за критични минерали. Од целиот пакет, една милијарда долари ќе
Go toTop