Снежно невреме ги зафати Чешка, Словачка и Полска – има загинати

February 4, 2023
1 min read

Во северна Словачка властите прогласија вонредна состојба во 27 општини што овозможува посебни вонредни мерки и ограничувања. Жителите на регионалниот главен град Жилина и околните градови се повикани да не ги напуштаат своите домови освен во апсолутно неопходни околности

Обилниот снег предизвика несреќи и големи прекини на електричната енергија во Словачка, Чешка и Полска, каде денеска најмалку две лица загинаа во временските услови.

Во Цисиец, на југот на Полска, во близина на границата со Словачка, една постара жена загина откако дрво паднало врз нејзиниот дом за време на невремето.

Снежно невреме во Полска
Фото: EPA-EFE/Tytus Zmijewski

„Пожарникарите ја пронашле пензионерката во куќата“, изјави портпаролот на противпожарната служба за агенцијата ПАП.

Жена, исто така, загина во близина на северното пристаниште Гдањск кога нејзиниот автомобил удрил во дрво, наведува ТВН24, а телевизија денеска информираше за повеќе од 140 сообраќајни несреќи поврзани со обилни снежни врнежи и лизгави патишта.

Во северна Словачка властите прогласија вонредна состојба во 27 општини што овозможува посебни вонредни мерки и ограничувања, објави агенцијата ТАСР. Неколку популарни скијачки центри се затворени за викендот.

Жителите на регионалниот главен град Жилина и околните градови се повикани да не ги напуштаат своите домови освен во апсолутно неопходни околности.

Во Чешка дрвјата што паднаа на далноводи оставија десетици илјади домаќинства без струја, јави агенцијата ЧТК.

Во близина на Јаблоне кон полската граница, службите за итна помош мораа да извлечат две повредени лица од нивниот автомобил откако врз него паднало дрво.

Фото: EPA-EFE/Tytus Zmijewski

Извор: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Дрво падна и оштети паркирани автомобили во Козле

Следно

БАРАЛЕ ПОМОШ: Мали деца и возрасни не можеле да се симнат од врвот на Водно поради силен ветер

Latest from Blog

Проданоски: Во детската енергија е иднината на Прилеп

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска оствари средба со ученици од основните училишта „Рампо Левката“, „Климент Охридски“ и „Гоце Делчев“, кои беа гости во просториите на Општината. На средбата се разговарало

Иранскиот врховен лидер испрати писмена порака до нацијата, не е виден во јавноста од март

Во писмена порака објавена денеска, тој повика на „уште поголеми напори“ за зачувување на единството на населението. „Вистинската суштина и внатрешната сила на иранскиот народ, во верата, надежта и акцијата, им се

Муцунски: Не е точно дека од државата се бараат само уставни измени

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во рамки на седницата за пратенички прашања во Собранието, истакна дека Владата води кредибилна и одговорна надворешна политика, заснована на заштита на

Проданоски: Децата од Мало Коњари со песна и игра ја разубавија пролетта

Во ООУ „Страшо Пинџур“ во Мало Коњари денеска се одржа настан исполнет со детска смеа, музика, игра и позитивна енергија, на кој присуствуваше градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски. Под мотото „Со
Go toTop