Верстапен: И за 250 милиони нема да го напуштам Ред Бул

May 3, 2024
1 min read

Светскиот шампион во Формула 1, Макс Верстапен изјави дека ниту 250 милиони евра годишно нема да го убедат да се раздели со тимот на Ред Бул пред крајот на неговиот договор.

Оваа изјава на Холанѓанецот доаѓа во позадина на информациите кои се појавија дека Мерцедес се подготвени да му понудат 150 милиони годишно за да го привлечат како замена за Луис Хамилтон, кој оди во Ферари. Пред Големата награда на Мајами, сепак, Верстапен изјави дека водечки фактор во неговата одлука ќе биде перформансите на соодветниот тим.

-Не, нема вистина во овие гласини. Но и да ми понудат 250 милиони… не ми се важни парите. Нема да бидат пресудни за мојата одлука. Задоволен сум со тоа што го заработувам сега. Се ќе зависи од перформансите. Знам дека ако се борам за петто/шесто место, ќе станам прилично лут. Сите го знаат тоа, Тото (Волф) го знае тоа. Засега мојата иднина е во Ред Бул, објасни Верстапен за медиумите во Мајами.

Тој го привлече вниманието и на постојаните изјави на шефот на Мерцедес, Волф, кој постојано зборува за тоа како се надева дека ќе го донесе Верстапен во својот тим.

-Не, не е чудно, бидејќи сите треба да бидат оптимисти и да се надеваат. Но, засега можам да кажам дека сакам да останам во овој тим бидејќи верувам во неговиот проект. Но, на крајот на денот, во спортот како и во животот, не знаете што ќе се случи, изјави трикратниот светски шампион.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Климатизмот ја напушти науката и стана идеологија

Следно

Мазна кожа без точки и црвенило: Како да спречите иритација после депилација?

Latest from Blog

ЛШ плеј-оф: Серафимов и Левски одиграа 0:0 против АЕК, и Динамо Загреб и Фенер без победа на свој терен!

ФОТО:facebook.com/levskiofficial/ Вечерва се одиграа првите три меча од плеј – офот во Лигата на Шампионите. За нас секако најинтересни беа случувањата во Софија каде во првиот дуел силите ги одмерија Левски и

Младите пијат сè помалку алкохол (како не им е срам) – Што велат трендовите во Македонија

Светските медиуми имаат нова омилена рубрика за „трач“ вести, поврзани со пијачките навики или недостигот од нив на младата популација, пред се од т.н. Генерација Зет. Натписите понекогаш се преувеличени, односно дека

Манчестер Јунајтед купува стопер во Германија

Англиските медиуми попладнево јавуваат дека менаџментот на Манчестер Јунајтед, ги контактирал претставниците на играчот на Баер Леверкузен, Едмонд Тапсоба, за да евентуално го донесат како следно засилување во одбраната. Тапсоба стопер кој

Проданоски: Сè што имаме ставаме на располагање за справување со пожарот

Вечерва беше одржан координативен состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување во Прилеп, на кој беше разгледана актуелната состојба со пожарот во селото Чаниште и поширокиот Мариовски регион, како и ризиците
Go toTop