Таравари до амбасадорите: Да ги засукаме ракавите и да ѝ објавиме војна на партизацијата и корупцијата

February 4, 2023
3 mins read

Заедно да кренеме западен фронт за европеизација на земјата. Ова е повикот на претседателот на Алијанса за Албанците, Арбен Тараври пратен преку отворено писмо до абасадорите на ЕУ, САД и земјите членки на ЕУ во земјава

Во писмото Тараври вели дека е загрижен поради, како што вели, чумата на корупцијата која ја зафати секоја пора на општеството и затоа ги повикува амбасадорите – „заеднички да ги засукаме ракавите и да и објавиме војна на партизацијата на правдата и на корумпираните на секое ниво на власт“

Лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари ги повика амбасадорите на Европската Унија, на САД и на земјите членки на ЕУ акредитирани во Македонија заедно да кренат „западен фронт за европеизација на земјата“. Повикот го прати преку отворено писмо во кои вели дека го загрижува „чумата на корупцијата која ја зафати секоја пора на општеството“.

„Искористувајќи ја смиреноста на овој зимски викенд, Ви се обраќам преку ова отворено писмо да ве замолам заедно да кренеме западен фронт за европеизација на земјата, а не со празни пароли на политичарите од кои граѓаните на државата се уморни и разочарани и кои што масовно ни бегаат кон Европа, туку со конкретни акции за решавање на нивната главна грижа која што ги потопи и последните надежи дека во оваа земја некогаш може да биде добро за нив и за идните генерации. Оваа нивна, моја, но, и ваша грижа е чумата на корупцијата која ја зафати секоја пора на општеството, особено во врвот на власта каде партиските апаратчици се недопирливи. Тие се недопирливи, бидејќи партизираната и корумпирана правда им гарантира имунитет, дури и во случаите што ги отвори Организацијата на Европската канцеларија за борба против измама (ОЛАФ) за злоупотреба на милиони со парите на европскиот даночен обврзник“,

стои во писмото на Таравари.

Таравари вели дека поминале четири години откако поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски бил фатен како заговара коруптивен тендер вреден седум милиони евра финансиран од Европската банка за обнова и развој. Потсетува и дека поминале четири години откако поранешниот државен секретар во Министерството за информатичко општество и администрација, Јахи Јахиу бил фатен како прима поткуп од 40 000 евра за да намести тендер вреден милион евра од ИПА фондовите. Таравари потсети и на други случаи.

„Пред речиси 3 години беше откриено дека директорката на Агенцијата за европски образовни програми, Лидија Димова (СДСМ), злоупотребила стотици илјади евра од Еразмус+ фондовите и други европски образовни програми, на име на грантови за обука на магариња, коњи и фризерство. Истата го обвини нејзиниот претходник, Дарко Димитров (ВМРО-ДПМНЕ), дека во периодот 2016-2019 година злоупотребил 2,2 милиони евра од Еразмус+ коруптивно префрлувајќи ги на некои криминални здруженија. Здравиот разум би рекол дека Северна Македонија, како земја која чека да ги отвори преговорите за членство во Европската Унија, со парите на европските даночни обврзници ќе ги решеше овие случаи на корупција со најголем приоритет, за да испрати порака дека земјата применува политика на нула толеранција кон злоупотребите на европските фондови. Вистината е сосема поинаква. Повиците на извештаите за прогресот/напредокот, за конечни пресуди во случаите на корупција на високо ниво остануваат мртва буква и сите овие корумпирани функционери шетаат слободно“,

пишува Таравари.

Според него, ова е слика за заробениот правосуден систем и смета дека и покрај милионите вложени во судството и обвинителството од страна на ЕУ и САД, партизираните и корумпирани судии и обвинители им обезбедуваат неказнивост на високите функционери на политичките партии.

„И кога неказнивоста е правило дури и кога се злоупотребуваат европските фондови, што да очекуваат нашите бизниси и граѓани кога им се прекршуваат правата или им се наметнува поткуп од државните функционери? Како земја која има за цел да влезе во ЕУ, Северна Македонија треба да го има владеењето на правото како примарна цел. На европскиот даночен обврзник и инвеститор мора да му се гарантира европски стандард во правото: Судот во Тетово и Судот во Велес мора да гарантираат иста примена на европските закони како Судот во Франкфурт или Судот во Мадрид. Во спротивно, членството на земјата во ЕУ нема смисла и Северна Македонија не може да стане Европа“,

вели тој.

Потоа Таравари ги повикува амбасадорите на западните земји – „заеднички да ги засукаме ракавите и да и објавиме војна на партизацијата на правдата и на корумпираните на секое ниво на власт“.

„Решението е едноставно и со некои од вас детално го имам дискутирано во рамките на пакетот за владеење на правото што го подготвија експертите на Алијанса за Албанците. Според нас, борбата против криминалот и корупцијата на високо ниво треба да се фокусира на три главни оски:

1. Ветинг во правосудството, во политиката и во администрацијата

2. Конфискација на незаконски стекнат имот

3. Дуплирање на инвестициите во правосудството и институциите за борба против корупцијата за да се обезбеди нивната независност и ефективност

стои во писмото на Таравари.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицкоски: На следните избори ВМРО-ДПМНЕ ќе победи, никој веќе нема дилема

Следно

Дрво падна и оштети паркирани автомобили во Козле

Latest from Blog

Проданоски: Буџетот за 2027 година го креираме со предлозите на прилепчани

Општина Прилеп ги заврши средбите со сите урбани заедници во градот во рамките на консултациите за подготовка на Буџетот за 2027 година. Градоначалникот Дејан Проданоски најави дека процесот продолжува со средби со

Николоски: Од 1 јануари само Државната лотарија ќе може да организира онлајн игри на среќа

Владата го измени Законот за игри на среќа, со кој јасно се ограничува организирањето на игри на среќа. Само Државната Лотарија ќе може да организира игри на среќа, дополнително се воведе ограничување

Божиновска: По три децении зависност од еден гасен правец, Македонија работи на нови врски со соседите

Македонија три децении зависела од само еден правец за снабдување со природен гас, а новите поврзувања со соседите треба да ја намалат таа зависност, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини,

Битола не ги заборава своите херои: Одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада

Во Битола свечено беше одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада, со положување свежо цвеќе, оддавање почит и пригодна културно-уметничка програма. Одбележувањето се одржа пред спомен-плочата кај Територијалната противпожарна

Божиновска: Гасните врски со Грција и Србија се приоритет за посигурно снабдување

Гасните интерконектори со Грција и Србија, Вертикалниот гасен коридор и повторното ставање во функција на продуктоводот Солун–Скопје се меѓу проектите со кои Македонија работи на посигурно снабдување со енергија. Ова го истакна
Go toTop