Петков не успеа да формира влада: Бугарија се поблиску до нови 5 ти по ред избори за две години

January 7, 2023
1 min read

Втората најголема партија во Бугарија, Продолжуваме со промената најави дека в понеделник ќе го врати мандатот за формирање на влада, што беше доделен на нејзиниот кандидат за премиер Николај Денков.

Партијата Продолжуваме со промената на поранешниот премиер Кирил Петков, која се обиде да формира малцинска влада со партијата Демократска Бугарија, вчера не доби поддршка од Парламентот. „За” гласаа 63 пратеници, а „против” беа 114 од 240 пратеници.

Пратениците од партијата ГЕРБ на поранешниот премиер Бојко Борисов и проруската националистичка партија Преродба беа против, додека три политички опции беа воздржани, вклучително и Бугарската социјалистичка партија, поранешен сојузник на партијата на Кирил Петков.

Коалицијата на Бојко Борисов, која на вонредните парламентарни избори на 2 октомври освои најмногу гласови, но само 67 мандати, во декември не успеа да обезбеди мнозинство во Парламентот.

Бугарскиот претседател Радев сега мора да побара од третата најмоќна политичка опција за формирање влада, а тоа е центристичката партија Движење за права и слободи. Доколку и таа не успее да формира влада, Радев мора да го распушти Парламентот и да распише нови избори, петти во изминатите две години.

Политичката криза во Бугарија трае од 2020 година, кога земјата беше потресена од демонстрации против владата на Бојко Борисов, каде илјадници бараа елиминирање на корупцијата и политичкото мешање во работата на медиумите и ефективна реформа на судството. Обидите на владата на Бојко Борисов да ги запре протестите со насилство поттикнаа дополнителен гнев и доведоа до подлабока поларизација на општеството.

Од април 2021 година, кога се одржаа последните редовни парламентарни избори, формирањето на стабилна влада е спречено поради острата поларизација меѓу партиите и нивната недоволна сила.

Оттогаш, Радев назначи неколку преодни влади, а единствената во полн капацитет, предводена од Петков, беше формирана по вонредните избори во ноември 2021 година, но нестабилната четиричлена коалиција се распадна по само шест месеци, во јуни 2022 година.

Долготрајната политичка блокада може да го загрози влезот на Бугарија во еврозоната на 1 јануари 2024 година и користењето на фондовите на ЕУ за закрепнување на земјата, а ќе ги одложи реформите неопходни за борба против корупцијата.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Внимавајте: Три лица искасани од кучиња во Скопје

Следно

Видео: 23 милиони денари ќе се потрошат за нова општинска зграда во Карпош

Latest from Blog

САД ги повикаа своите државјани да го напуштат Иран

Во соопштението на Стејт департментот се наведува дека американските државјани во Иран се соочуваат со „висок ризик од незаконско притворање, долготраен притвор, измачување и во некои случаи и смртна казна“. Исто така,

Јаневска: Изработивме нова законска регулатива за поквалитетно високо образование и развој на науката

Со поддршка од над 60 професори, засегнати институции и установи, претставници на студентите, стручни лица и експерти, Министерството за образование и наука подготви нова законска регулатива за високо образование и наука, од

Луксузен хотел во Кран-Монтана затворен поради пропусти во противпожарната заштита

Швајцарските власти донесоа одлука да затворат луксузен хотел со пет ѕвезди во ски-центарот Кран-Монтана, откако биле утврдени сериозни проблеми со противпожарната безбедност. Одлуката следува само неколку недели по трагичниот пожар во бар

„Илинден“-Тирана 17 години глас на Македонците во Република Албанија

На 6 февруари 2009 година беше формирано Македонското друштво “Илинден”-Тирана, а оваа година се навршуваат 17 години од неговото постоење и работа. Македонско друштво “Илинден”-Тирана е регистрирано во Основниот суд во Тирана,
Go toTop