Медведев: Москва нема ограничување за видовите оружје што може да ги употреби

February 4, 2023
1 min read

МОСКВА (АА) – Заменик-шефот на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев, денес изјави дека Русија може да употреби секаков вид оружје за да спречи закани по нејзината безбедност, пренесува Анадолу.

Испораките на американско оружје за Украина, со цел да ја принудат Русија на мировни преговори со Украина, ќе доведат до „одмазднички напади“ наместо до преговори, изјави поранешниот руски претседател и премиер во интервју за телевизискиот канал „Ѕвезда“.

„Во овој случај [на испорака на модерно оружје за Украина], нема да има преговори, туку само одмазднички напади. Цела Украина што ќе остане под власт на Киев ќе гори“, рече Медведев.

Додаде дека луѓето во Пентагон се покомпетентни од нивните колеги во Белата куќа и во Капитол бидејќи ги разбираат последиците.

„Доколку Вашингтон навистина сакаше да стави крај на војната што ја испровоцира, може да го стори тоа со еден прст, наредувајќи им на своите дрогирани робови да седнат на преговарачка маса. Но, сенилните луѓе од американската администрација во Вашингтон и јастребите во Конгресот едноставно не се заинтересирани за ова“, рече тој.

„Ако Киев се насочи кон Крим, одговорот може да биде од секаков вид, бидејќи Москва нема граници и е спремна да употреби секаков вид оружје, во зависност од заканите“, нагласи Медведев.

„Можам да ве уверам, одговорот ќе биде брз, остар и убедлив“, предупреди тој.

Медведев рече дека не сочувствува со Европејците кои доживуваат енергетска криза и дека тие самите си ги избрале своите „бедни лидери“.

„Треба да сочувствуваме со нашиот народ во Донбас и другите територии кои се напаѓани од нацистите.“

„Евролидерите не се грижат за сопствените граѓани. За да му угодат на американскиот господар, овие џуџести владетели се подготвени да направат сè за да останат на власт. Во исто време, обичните граѓани на ЕУ плаќаат во буквална смисла на зборот, за санкциите, испораките на оружје за режимот во Киев, поддршката за трговските војни и блокадите“, рече Медведев.

Во посебна изјава, рускиот амбасадор во САД, Анатолиј Антонов, рече дека САД ѝ доставуваат на Украина сè помоќно и помоќно оружје, со што се предизвикува „намерна ескалација на конфликтот“.

Тој додаде дека САД „го ставаат својот меѓународен авторитет, парите на американските даночни обврзници и животите на украинските војници на украинската карта“.

Антонов истакна дека доколку таквата политика продолжи, очекува дека Вашингтон може „да отиде дотаму што ќе му обезбедува борци на Киев“, што би било „апсолутно лудило“.

Антонов додаде дека САД де факто ја притискаат Украина да врши напади на руски региони.

Американското Министерство за одбрана вчера соопшти за уште еден пакет воена помош за Украина во вкупна вредност од 2,17 милијарди долари, вклучувајќи бомби со мал дијаметар за лансирање од копно со домет до целта од околу 150 километри.

Според Пентагон, од почетокот на војната, САД одвоиле над 29,3 милијарди долари воена помош за Украина.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Уапсени Тројца бугарски државјани, нападнале полицајци

Следно

Приведени бугарски државјани кои навредуваа и напаѓаа македонски полицајци на „Деве Баир“

Latest from Blog

Утре на финалето: Борбени авиони Ф-16, снајперисти на стадионот, илјадници агенти на ФБИ

Соединетите Американски Држави ќе преземат посебни безбедносни мерки за заштита на Доналд Трамп за време на финалето на Светското првенство. Шпанија и Аргентина ќе се соочат во финалниот натпревар на турнирот утре

Секој ден се распаѓаат шест бракови во Македонија: Разводите растат, венчавките се поретки

Во 2025 година во Северна Македонија се регистрирани 2.185 разводи – за осум проценти повеќе од претходната година, додека бројот на склучени бракови продолжува да опаѓа. Статистиката отвора прашање дали семејството се
Go toTop