(ВИДЕО) Пендаровски, Ковачевски и министрите си заминаа од црквата „Св. Спас“, се очекува Мицкоски, а потоа и бугарската делегација

February 4, 2023
1 min read

Во 12 часот, на граничниот премин Деве Баир, се очекува да пристигне автобус со бугарски државјани

Во црквата „Св. Спас“ заврши официјалната церемонија за одбележувањето на 151-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев.

Присутни беа претседателот на државата Стево Пендаровски, премиерот Димитар Ковачевски, министрите за внатрешни работи, одбрана и култура, Оливер Спасовски, Славјанка Петровска и Бисера Костадиновска-Стојчевска, собраниска делегација предводена од потпретседателот на Собранието, Горан Мисовски и делегации на државни институции, партии и граѓански здруженија.

Тие си заминаа предмалку, а сега се очекува во црквата да пристигне лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

По Мицкоски, на одбележувањето на 151-годишнината од раѓањето на македонскиот револуционер се очекува да пристигне и бугарската делегација која, според најавите од бугарското МВР, ќе ја соччинуваат бугарскиот вицепремиер задолжен за јавен ред и безбедност и министер за внатрешни работи Иван Демерџиев и неговиот заменик Венцислав Катинов. Со нив се очекува да пристигне и бугарскиот амбасадор во земјава, Ангел Ангелов.

Во 12 часот, на граничниот премин Деве Баир, се очекува да пристигне автобус со бугарски државјани.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ОВИЕ 20 ГОДИНИ СЕ ЗАГРЕВАВ, СЕГА ДОАЃА ВТОРИОТ ДЕЛ ОД МАРАТОНОТ, ВЕЛИ ТЕНОРОТ БЛАГОЈ НАЦОСКИ ПРЕД ЈУБИЛЕЈНИОТ КОНЦЕРТ ВО НОБ

Следно

Ердоган: Туркије подготвена да придонесе во процесот на дијалог меѓу Косово и Србија

Latest from Blog

Мареска има усмен договор со Манчестер Сити

Фото: Челзи/Твитер Откако стана јасно дека Пеп Гвардиола нема повеќе да биде менаџер на тимот на Манчестер Сити, секако дека светот е во искечување на неговиот наследник. Според медиумите во Англија, тоа

Димитриеска-Кочоска: Европски банки покажаа силна доверба во Македонија

19 мај 2026 година, Скопје– Најновото надворешно задолжување ќе се реализира под значително поповолни услови, со пониски каматни стапки и подолга рочност, што претставува индикатор за зголемена доверба на меѓународните финансиски институции

Пожарникарите од Прилеп ќе изведат показна вежба на градскиот плоштад

По повод 20 Мај – Денот на пожарникарите во Македонија, Општина Прилеп и ТППЕ Прилеп организираат презентација на дел од противпожарната опрема и показна вежба. Граѓаните ќе имаат можност одблиску да се

Европол отстрани илјадници објави од Иранската револуционерна гарда

Голема меѓународна операција на Европол отстрани повеќе од 14.200 онлајн објави, сметки и линкови поврзани со Корпусот на исламската револуционерна гарда (IRGC) на Иран и ја суспендираше главната сметка на групата на
Go toTop