Киев да ја штеди помошта како да е последна

April 27, 2024
1 min read

„Секој борба за секоја следна помош станува се понапорна и се подолга. Мислам дека Украинците треба да размислуваат што ако веќе нема пари,“ порачуваат од Карнеги тинк-танкот.

На сличен став се и експерти од Стимсон центарот, според кои „сите вклучени во конфликтот треба овој пакет да го третираат како е последен и така и да планираат, бидејќи е можно и да биде.“

Последниот пакет од 61 милијарда се влечеше околу половина година, и овој период само ќе се продолжи како што се приближуваат претседателските избори, а републиканците се помалку се подготвени да ја поддржат Украина, на сметка на сопствените проблеми дома, каде за нив приоритет е границата кон Мексико.

Ова го надополнува и несигурноста кој ќе биде во Белата куќа во јануари 2025, посебно што Доналд Трамп моментално води на анкетите, а тој цело време е против помошта и се залага за ставање крај на војната.

Препораките на експертите е дека за разлика од ланската помош која беше дадена за контраофанзивата, оваа помош треба да биде искористена за изградба на одбраната на земјата и размислување за преговори со Русија.

„Мислам дека Украина може да победи во војнава. Таа не може да победи воено на ниту еден начин, но може политички да победи.

Таа може да дојде до политичка победа така што нема да му дозволи на Путин да ја постигне својата главна цел, а тоа е да ја потчини цела Украина.

Украина може да остане функционална држава и независна држава од Русија,“ смета Кели Гриеко од Стимсон центарот.

Од друга страна, експерти и посебно украинските власти се изразито против какви било преговори и отстапки кон Русија, порачувајќи дека Путин ќе го искористи тоа за да побара разоружување на Украина а потоа и да го искористи истото.

„Предизвикот е дека 6-месечното одложување ја стави Украина во тешка ситуација, која нема да може да биде веднаш поправена со пристигнување на помошта,“ пишува Бизнис инсајдер.

ИЗВОР: off.net.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Сончево со мала до умерена облачност, следува период на релативно топло време

Следно

Лестер се врати во Премиер лигата

Latest from Blog

Евростат: Македонија со најниски цени во Европа

Македонија е најевтина земја во Европа според најновите податоци на Евростат. Но, иако цените се најниски, тоа не значи и повисок животен стандард, бидејќи економистите нагласуваат дека ниските цени најчесто се поврзани

Министерот Тошковски презентираше двегодишен отчет: Најниско ниво на криминалитет во последните 20 години и продолжување на реформите во МВР

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го презентираше отчетот за работата на Министерството за внатрешни работи во изминатите две години, истакнувајќи дека од самиот почеток на мандатот била поставена јасна определба

Комуналец Прилеп: Секој агол од Могилата сведочи за грижа и посветеност

Паркот на Могилата во Прилеп и оваа сабота ги пречека посетителите во беспрекорна состојба – чисти патеки, уредени зелени површини и пријатна атмосфера што ги привлекува граѓаните да го поминат слободното време
Go toTop