На ФЕИТ финале на натпреварот по роботика, aвтоматика, електроника и ВИ – RoboMac 2024

April 27, 2024
1 min read

Финалето на натпреварот по роботика, aвтоматика, електроника и вештачка интелигенција – RoboMac 2024, ќе се одржи денеска во 17 часот во амфитеатарот на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ).

RoboMac е годишна меѓународна студентска работилница и натпревар по роботика, aвтоматика, електроника и вештачка интелигенција, кој се одржува по 12-ти пат на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) во Скопје.

Носители на настанот се македонската секција на ИЕЕЕ (IEEE – The Institute for Еlectrical and Еlectronics Еnginеers), преку нејзиниот студентски огранок при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“  и Факултетот за електротехника и информациски технологии, а е во коорганизација со Факултетското студентско собрание – ФЕИТ.

Учесниците на натпреварот имаат можност да работат во тимови и да ги усовршат и употребат своите теоретски знаења и практични вештини за да победат во својата категорија, притоа дружејќи се и соработувајќи со студенти од земјата и странство. 

Целта на настанот е популаризација на роботиката и вештачката интелигенција помеѓу студентите и младите во Македонија.

Извор: 24vesti.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Барселона и Монако со победи во четвртфиналето на Евролигата

Следно

Иванишевиќ: Зошто го напуштив Новак Ѓоковиќ..

Latest from Blog

Интер Мајами откри каква би можела да биде идната улога на Меси во клубот

Фото: Интер Мајами/Твитер Претседателот за деловни операции на Интер Мајами, Хавиер Асенси, ја откри идната улога што напаѓачот Лионел Меси би можел да ја преземе по пензионирањето. „Ќе дојде време кога Меси

ФОТО + ВИДЕО | НОВ УДАР ВРЗ КИЕВСКИОТ РЕГИОН – Тројца загинаа, меѓу нив и дете

Киевскиот регион повторно беше цел на руски ракетен напад. Најмалку тројца луѓе загинаа, меѓу кои и дете, откако балистички проектили рано утринава погодија подрачја источно од Киев. Силни експлозии одекнаа во регионот,

Премиерот замина на одмор

Премиерот, Христијан Мицкоски, замина на најавуваната екскурзија во Белгија, за која самиот рече дека ќе ја помине со четири дена престој во Бриж и четири во Брисел. Но од Владата за Телма
Go toTop