Барселона и Монако со победи во четвртфиналето на Евролигата

April 27, 2024
1 min read

Барселона и Монако остварија важни победи над Олимпијакос, односно Фенербахче во вечерашните соочувања од четвртфиналето во Евролигата.

Двете екипи беа поразени на првите натпревари и едноставно денеска беа под притисок, императив да слават и израмнат во сериите затоа што со водство на противниците од 2-0 ќе беше речиси невозможно да се пласираат на завршниот фајналфор турнир со оглед на тоа што следуваат по два меча на теренот на ривалите.

Каталонците беа подобри од Олимпијакос со 77:69 и тоа во соочување во кое избраниците на Гримау имаа одлично отварање и првата четвртина ја добија со 27:14. Наредните две им припаднаа на гостите, па во последните десет минути се влезе со само плус три за Барса (60:57) која сепак не се дозволи луксуз и ја одбрани „Палау Блауграна“.

Паркер беше во елемент со 24 поени и 5 скока, Ернангомес и Весели додадоа по 11, односно 10 кошеви. Питер на другата страна уфрли 20 кошеви.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ТЕХНИКА НА БОЈАДИСУВАЊЕ НА ЈАЈЦАТА КОЈА ГИ ПОЛУДЕ ЛУЃЕТО НА ИНТЕРНЕТ! Бидете оригинални за Велигден (ВИДЕО)

Следно

На ФЕИТ финале на натпреварот по роботика, aвтоматика, електроника и ВИ – RoboMac 2024

Latest from Blog

Божиновска: Младите инженери се потенцијал за напредок на Македонија

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска се сретна со годинешните добитници на престижното признание „Инженерски прстен“, при што разговарала со младите инженери за нивните идеи, проекти, интереси и визии
Go toTop