По страшната дијагноза: Кралот Чарлс се подготвува да се врати на јавните должности

April 26, 2024
1 min read

Британскиот крал Чарлс Трети се подготвува да се врати на јавните должности од следната недела, откако лекарите изјавија дека неговото здравје се подобрува.

„Неговото височество Кралот наскоро ќе се врати на јавната активност по период на лекување и опоравување по неговата дијагноза со рак“, се вели во денешното соопштение од Бакингемската палата.

Портпаролот на Бакингемската палата рече дека „неговата програма за лекување ќе продолжи, но лекарите се задоволни од досегашниот напредок за да му дозволат на Кралот да се врати на некои од неговите јавни должности“.

Сепак, обврските ќе бидат „прилагодени колку што е потребно за да се минимизираат ризиците при закрепнувањето на Кралот“.

Во вторник кралот Чарлс и неговата сопруга Камила ќе посетат центар за рак каде кралската двојка ќе се сретне со медицинските тимови и пациентите, соопшти Бакингемската палата.

Покрај тоа, се планира Чарлс и Камила, на крајот на јуни, да бидат домаќини на средба со јапонскиот император Нарухито и неговата сопруга, царицата Масако.  (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ТАЖНА ВЕСТ: Почина кошаркарот Рубен Даглас

Следно

Еве како да подготвите МЛАД КОМПИР кој ќе му даде крцкава и златна кора

Latest from Blog

Николоски од Ново Село: Инвестициите во инфраструктурата продолжуваат со силно темпо

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, порача дека Владата продолжува со реализација на значајни инфраструктурни проекти и подобрување на поврзаноста со македонската дијаспора. Тој информираше дека вечерва, на покана

Блумберг открива детали: Европејците и Русите тајно разговарале за мирот во Украина

Поранешни високи функционери од Обединетото Кралство, Франција и Германија се сретнаа тајно со неименуван поранешен функционер на Кремљ во Виена во јули за да разговараат за можни услови за мировни преговори за

Кои европски земји имаат минималец над 2.000 евра?

Евростат ги објави минималните плати за втората половина од 2026 година, покажувајќи дека само осум од 29 европски земји ја зголемиле својата бруто минимална плата помеѓу јануари и јули 2026 година, додека
Go toTop