Близнаците да бидат искрени, Ракот да го искористи поволниот период

April 24, 2024
1 min read

ОВЕН

Работата оди во оној правец кој вам ви одговара, само е потребно да имате трпение и да не правите некои непромислени чекори. Финансиите се чувствителна точка, немојте да се опуштате. Денеска на вашето љубовно поле треба да доминираат страстите. Уживајте.

БИК

Биковите денеска ги очекува извесно забрзување, но и постигнување на еден вреден договор. Ако сте биле во некоја неодумица во врска со партнерот, отфрлете ги сите сомнежи и тргнете напред позитивно во пар како повторно да се вљубувате.

БЛИЗНАЦИ

Сите заостанати прашања сега може на лесен начин да ги приведете до крај, било да се врзуваат за вашиот финансиски сегмент или некои документации. Сега е вистински момент да ги смирите претходно замрсените односи со партнерот. Бидете искрени.

РАК

Може да почнете нешто ново за што размислувате и што може да ви донесе долгорични извори на заработка. Искористете го овој поволен период кој е пред вас. Уживајте во заедничките моменти со саканата личност, сонувајте и бидете максимално опуштени.

ЛАВ

Треба да се нагласи да обраќате внимание на ситници, затоа што постои можност за пропусти, особено во документацијата. Некое разбирање се разбудило во вас и тие мали промени лично ве доведуваат до тоа партнерот да реагира на поинаков начин, помеко и полесно отколку во минатиот период.

ДЕВИЦА

Доста состаноци, многу документи и информации ве очекуваат овој ден. Направите прецизен план и трпеливо одете кон зацртаната цел. Секој слободен момент посветете го на саканата личност, уживајте, излегувате, дружете се со пријателите.

BАГА

Може да ви се отвори нешто за кое долго размислувате и го посакувате. Одличен ден е пред вас ако сакате саканата личност да ја израдувате со некој подарок. Ќе ви биде повеќекратно возвратено.

ШКОРПИЈА

Може да добиете интересен предлог кога од некого кој би сакал да се здружи со вас и да почнете можеби приватен бизнис. Мали знаци на внимание и подароци, иницијативи кога се во прашање потребите на партнерот во овој период се наглсени. Искористете ја приликата со нешто убаво да ја изненадите личноста која ви значи.

СТРЕЛЕЦ

Со колегите имајте повеќе трпение, обраќајте внимание на изборот на соработници и она кое ќе го потпишувате како договори. Без разлика на која форма на односи сте, немојте да ги криете своите чувства, опуштете се и пуштете емоциите да ве носат.

ЈАРЕЦ

Очекувајте подобрување во полето комуникации и брзи и неочекувани решенија за проблематичните ситуации. Опуштено и мирно би требало да биде на вашето љубовно поле. Не е лош денот за некој собир и дружење. Чувајте се од вирусни инфекции.

ВОДОЛИЈА

Внимание никогаш не е на одмет, и поради тоа проверувајте ги информациите од вашите соработници, било да доаѓаат од екстрени извори, за да не направите некој пропуст. За слободните, не е некој добар момент за почеток на нова „приказна“, па повеќе дружете се и излегувајте. Поволни шанси ќе има.

PИБИ

Некои шанси ќе се ви се отворат, не предизвикани од ништо. И вие ќе бидете подготвени да ги зграбите. Ако сте слободни, постои можност непланирано да влезете во нова врска. Само опуштено.

Извор: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Ливерпул има фаворит за наследник на Клоп

Следно

Може да гласаат и граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година

Latest from Blog

Алчинов во Отворено: За да се направи пат до хидроелектраната на река Дошница ќе треба да се исечат 1000 хектари шума

Кристијан Алчинов од „Спас за нас“ во Отворено рече дека законот за хидроелектрани е склопен во полза на инвеститорите. Според него, за изградба на една хидроелектрана на реката Дошница ќе треба да

Елиминирана шампионката на Ролан Гарос

Актуелната шампионка на Ролан Гарос Американката Коко Гоф е елиминирана во првото коло на Вимблдон. За изненадувањето се погрижи 25-годишната Украинка Дајана Јастремска, која со 2:0 во сетови (7:6(3) и 6:1) ја

САД ја прославија 249-годишнината од независноста во Скопје

Во Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Северна Македонија вечерва со свечен прием беше одбележан 4-ти јули – Денот на американската независност. Пред бројни гости, партнери и пријатели на САД, амбасадорката Анџела

Запленети околу 100 килограми марихуана во Струмица, лишени од слобода три лица

Во координирана акција на полицијата и Агенцијата за национална безбедност вчера во Струмица се запленети 100 килограми марихуана, а три лица се уапсени, соопштија денеска од МВР. Во соопштението се наведува дека

Ќостарова Унковска во Аргумент плус: Родителите на загинатите деца во Кочани се плашат од заборав

Клиничкиот психолог Лина Ќостарова Унковска во Аргумент плус рече дека трагедијата во Кочани е надвор од сите искуства. Според неа, родителите на загинатите деца не се плашат за нивните животи и за
Go toTop