Поврзаност меѓу здравата исхрана и срцевите болести кај жени со рак на дојка

April 23, 2024
1 min read

Жените кои во времето на откривањето и дијагностицирањето рак на дојка, практикувале почесто јадење зеленчук, овошје, протеини и нискомасни млечни производи – се изложени на 47 отсто помала опасност од срцеви заболувања, отколку оние во чија исхрана преовладувале масти, црвено месо и производи од месо.

Истражувањето спроведено од научници од Истражувачкиот центар „Кајзер Перманенте“ во Калифорнија (САД), е објавено во списанието „ЈНЦИ Канцер спектрум“ (JNCI Cancer Spectrum). Наодите од испитувањата се важни и бидејќи се покажало оти жените кои се лекувале од рак на дојка се изложени на значително поголем ризик од кардиоваскуларни болести од оние кои немаат ваков вид рак.

Зголемувањето на можноста од срцеви заболувања е предизвикано од самиот третман на рак на дојка, којшто е кардиотоксичен, а за нив дополнително придонесува и неправилната исхрана, недоволната физичка активност, стареењето и пушењето цигари.

Истражувањето се заснова, вели еден од водечките автори д-р Исак Иргас, на проучување на повеќе од 3.400 случаи на агресивен рак на дојка.

Најуспешни резултати, поврзани со заштитата од срцеви заболувања, се забележани во случаите кога болните жени се лекувале со антибиотикот „Антрациклин“ што ги труе и убива канцерогените клетки. Според податоците на Светската здравствена организација, во 2022 година во светот се регистрирани 3,2 милиони случаи на рак на дојка и 670.000 смртни случаи од оваа болест. Во однос на бројот на заболени, како и по бројот на смртни случаи, ова е еден од најчестите карциноми кај жените во развиените земји во светот.

Научниците тврдат дека опасноста од овој вид рак се зголемува со возраста. Во таа смисла, жените до 40 години имаат 1,5 отсто можност да заболат од овој рак, на 50 – три насто, а на возраст од 70 години и повеќе, ризикот е поголем од четири отсто.

Извор: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

„Ја уби жената и не доби затворска казна“: Алек Болдвин вознемируван од пропалестинска активистка

Следно

ССМ ќе бара враќање на трошоците за храна и превоз и зголемување на минималната плата на најмалку 450 евра

Latest from Blog

Хујсен уште вечерва ќе потпише за Реал

Дин Хујсен е многу блиску до офцијализација на договорот со Реал Мадрид. Тој вечерва е на прегледи во Лондон и наскоро треба да биде официјализиран неговиот трансфер во редовите на „кралевите“. Претходно

Меѓународна Конференција за решение со две држави за идниот месец, потврди Арапската лига

БАГДАД / АНКАРА (АА) – Висок функционер на Арапската лига денес потврди дека меѓународната Kонференција за решение со две држави за Палестина ќе се одржи во јуни под заедничко претседателство на Саудиска

Додека Мицкоски се фали дека постигнал договор за стратешко парнтерство со Велика Британија, „Дејли Мејл“ ја посочува како земја за мигрантски кампови

Додека премирот Христијан Мицкоски се фали дека постигнал договофр за стратешо парнтерство со Велика Британија, британскиот весник „Дејли Мејл“, објави дека е можно на македонска територија да „никне“ камп за мигранти. Мицкоски
Go toTop