„Ја уби жената и не доби затворска казна“: Алек Болдвин вознемируван од пропалестинска активистка

April 23, 2024
1 min read

Глумецот Алек Болдвин се соочи со вознемирување од пропалестинска активистка, а видеото од тој настан на „Х“ е прегледано над три милиони пати.

На снимката направена во некое кафуле, додека Болдвин плаќа за својата нарачка и го држи мобилниот телефон на увото, жената со својот телефон го снима и неколкупати настојчиво бара од него да каже „Слобода за Палестина“ и да го опцуе Израел и ционизмот. Кога активистката сфаќа дека глумецот ја игнорира, таа ја менува темата. Следното прашање е: „Зошто ја уби таа жена? Ја уби жената и не доби затворска казна? Нема затвор, Алек!“.

Активистката тука ја има предвид смртта на кинематограферката Халина Хачинс на снимањето на каубојскиот филм „’Рѓа“. За потсетување, Болдвин се соочува со обвиненија за ненамерното убиство на Хачинс во 2021 година.

Продолжението на судењето за убиство од небрежност е закажано за 10 јули.

На видеоснимката, натаму глумецот почнува да се заканува со полиција, но девојката е упорна во своето вознемирување и на крајот, Болдвин ѝ го исфрла мобилниот телефон од рака.

Алек Болдвин ја отфрли одговорноста за ненамерното убиство на Хачинс.

Извор: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

УЕФА ќе дозволи 26 фудбалери на ЕУРО2024

Следно

Поврзаност меѓу здравата исхрана и срцевите болести кај жени со рак на дојка

Latest from Blog

Хујсен уште вечерва ќе потпише за Реал

Дин Хујсен е многу блиску до офцијализација на договорот со Реал Мадрид. Тој вечерва е на прегледи во Лондон и наскоро треба да биде официјализиран неговиот трансфер во редовите на „кралевите“. Претходно

Меѓународна Конференција за решение со две држави за идниот месец, потврди Арапската лига

БАГДАД / АНКАРА (АА) – Висок функционер на Арапската лига денес потврди дека меѓународната Kонференција за решение со две држави за Палестина ќе се одржи во јуни под заедничко претседателство на Саудиска

Додека Мицкоски се фали дека постигнал договор за стратешко парнтерство со Велика Британија, „Дејли Мејл“ ја посочува како земја за мигрантски кампови

Додека премирот Христијан Мицкоски се фали дека постигнал договофр за стратешо парнтерство со Велика Британија, британскиот весник „Дејли Мејл“, објави дека е можно на македонска територија да „никне“ камп за мигранти. Мицкоски
Go toTop