Хејтинга на клупата на Ајакс до крајот на сезоната

February 3, 2023
1 min read

Ајакс го назначи својот поранешен фудбалер, 39-годишниот Џон Хејтинга, за нов тренер кој ќе остане на клупата на актуелниот холандски шампион до крајот на сезоната, а доаѓа на местото на Алфред Шројдер, кому претходно му беше врачен отказ поради серијата слаби резултати.

„Уверени сме дека ова е вистинско решение. Уверени сме во квалитетите на Џон и визијата која ја има“, изјави директорот на Ајакс, Едвин ван дер Сар.

Шројдер го презеде Ајакс на почетокот на сезоната, наследувајќи го Ерик тен Хаг, но беше разрешен од должноста по серија од седум натпревари без победа во холандското првенство.

Ајакс во моментов е четвртопласиран на табелата со 37 бодови, пет помалку од лидерот Феенорд.

„Екипата сега мора да победува, да работи на својата самодоверба и да продолжи да се развива. Имаме уште многу за што да се бориме оваа сезона“, порача првиот човек на Ајакс во изјава за клупскиот сајт.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Од приходите од игрите на среќа ќе се финансираат борбата против семејното насилство и активностите на инвалидските организации и Црвениот крст

Следно

Блинкен ја одложи посетата на Пекинг поради спорниот кинески балон над САД 

Latest from Blog

Меџити: Без жените нема силно општество и успешна политика

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, вечерва заедно со сопругата, пратенички и претставнички на Форумот на жени во ВЛЕН, учествуваше на конференцијата „Жената и семејството“, организирана во рамки

Трамп до Си: Чест ми е да бидам твој пријател

Тој рече дека САД и Кина имаат „фантастичен однос“ и дека брзо ги решавале проблемите во минатото. „Секогаш кога имавме проблем, луѓето не го знаеја, ние го решававме многу брзо. Имаме фантастична

Одземен е пасошот на претседателот на судот во Гостивар, осомничен за мито

Од Кривичниот суд информираат дека е одземен пасошот на В.Д. претседателот на основниот суд во Гостивар, Елјеса Алији, кој е осомничен за примање на мито. -Постапувајќи по предлог на надлежното обвинителство за
Go toTop