Робот – адвокат ќе брани жив човек на суд

January 7, 2023
1 min read

Името на обвинетиот и локацијата на процесот засега не се откриваат. Се знае дека одбраната ќе ја води вештачка интелигенција развиена од DoNotPay, компанија која ќе ги покрие сите трошоци доколку случајот биде изгубен.

Зад DoNotPay стои генијалецот од Стенфорд Џошуа Броудер кој ја има создадено фирмата во 2015 година за со четбот кој дава правни совети да им се помогне на луѓето да се борат со корпорациите и да ја победуваат бирократијата. 

„И натаму ќе постојат добри адвокати кои компетентно ќе се расправаат пред Европскиот суд за човекови права и слични инстанци, меѓутоа, премногу адвокати наплаќаат премногу пари за едноставно копирање и читање документи и мислат дека се незаменливи. А заменливи се.“  порачува Броудер.

До идејата за интелигентен советник дошол кога му се насобрале казни за паркирање кои не можел да ги плати па морал да стане експерт за наоѓање дупки во законот, по што сфатил дека сето тоа знаење како се обжалува и поништува казна може да се автоматизира.

Неодамна, неговиот четбот успеал да преговара конкретен договор со кабелската компанија Комкаст и да ја намали сметката за интернет за 120 долари годишно.

Најјако е што DoNotPay планира четботот да им биде достапен на сите како браусер екстензија која ќе ги води непријатните преписки со одделите за корисничка поддршка на компаниите чии услуги користиме.

 

 

 

ИЗВОР: off.net.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

СО МИКРОКОЛОВИ СЕ СТАБИЛИЗИРААТ СТОЛБОВИТЕ НА СКОПСКИОТ АКВАДУКТ

Следно

И денеска скопјани дишат загаден воздух

Latest from Blog

Гарначо е нов играч на Астон Вила

Екс играчот на Манчестер Јунајтед, а и на Челзи, Алехандро Гарначо и официјално е нов играч на екипата на Реал Мадрид. Аргентинецот е позајмен на една година, а потоа Вила ќе има

САД продолжуваат со воздушните напади врз Иран

Цели биле иранските поморски капацитети, складишта за ракети и беспилотни летала, крајбрежни системи за надзор и објекти на противвоздушната одбрана. Според ЦЕНТКОМ, операциите треба дополнително да ја намалат способноста на Иран да

До крајот на неделата водата во Гостивар технички да биде исправна

Премиерот Христијан Мицкоски очекува до крајот на неделата водата во Гостивар технички да биде исправна, а кон крајот на следната недела и безбедна за пиење, доколку сите активности се реализираат според предвидената

Божиновска: Македонија станува дел од европската водородна револуција

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја заврши првата сеопфатна Водородна студија за Македонија, документ кој ги анализира можностите за развој на водородниот сектор и отвора пат кон создавање модерна и
Go toTop