Покрај отстапката на властите сите локални избори да бидат на 2 јуни, опозицијата се уште без став дали ќе излезе на избори

April 18, 2024
1 min read

По 17 дена разговори, турбулентни средби, напуштање на колегиумот во Собранието, протести, закани за бојкот, обновен дијалог, власта направи конечна отстапка пред опозицијата и денеска претседателот на Собранието Ана Брнабиќ најави дека сите локални избори во 88 градови и општини во Србија ќе се одржат на 2 јуни заедно со веќе закажаните избори во град Белград. Но и покрај тоа, се уште е неизвесно дали опозицијата ќе излезе на овие избори или ќе ги бојкотираат, јави дописникот на МИА од Белград.

Коалицијата Србија против насилство (СПН) соопшти дека конечната одлука за учество на изборите ќе биде донесена по консултација со другите опозициски партии, а Нова демократска странка на Србија (НДСС), порача дека одлуката ќе ја донесат во сабота, 20 април.

Претседателот на партијата Срце центар Здравко Понош изјави дека денешната понуда за изборите на Брнабиќ не е добра и партијата што ја предводи нема да ја прифати, туку за неа ќе одлучува коалицијата „Србија против насилството“.

– Што се однесува до мене, коалицијата уште вечерва може да излезе со став. Коалицијата СПН даде максимален придонес во разговорите за изборните услови.

Пратеникот и претседател на Нова демократска партија на Србија (НДСС) Милош Јовановиќ изјави дека изборите на 2 јуни ќе бидат избори на Хил (Кристофер, амбасадор на САД), на кои тој лично нема да учествува.

Јовановиќ рече дека на Западот му е потребна каква било стабилност во Србија за претседателот Александар Вучиќ, како што рече, да продолжи да ги испорачува Косово и литиумот.

– Јас не би учествувал во таа игра, но конечната одлука за (не)учество на изборите на НДСС на 2 јуни ќе ја донесат партиските власти во сабота. Секако, за ова ќе разговараме со членовите на коалицијата НАДА како и со другите опозициски партии и коалиции, рече тој.

Пратеникот на движењето „Еколошко востание“, Александар Јовановиќ Чута изјави дека коалицијата СПН вечерва ќе одржи состанок на кој ќе биде донесен официјален став и дека оваа одлука не може да биде позитивна, бидејќи нема многу време до изборите, поради што опозицијата е „доведена во ситуација да мора брзо да реагира“.

– Ана Брнабиќ и Александар Вучиќ го направија тоа што мислев дека ќе го направат – да ни го изедат времето и потоа да не измамат со некоја приказна дека локалните избори ќе се одржат во септември и така натаму, па го направија тоа што го направија денес – ги спакуваа сите избори на 2 јуни, рече тој.

Пратеничката на Зелено-левиот фронт Јелена Јериниќ за новинарите во српскиот Парламент изјави дека опозицијата од почетокот барала спојување на изборите и дека сега ќе одлучат дали ќе учествуваат на изборите.

– Коалицијата ќе се состане и ќе донесе заедничка одлука за тоа. Најверојатно ќе биде соопштено утре. На некој начин одлуката за бојкот беше поврзана со овие преговори, но морам да кажам дека коалицијата досега не се одлучила за тоа, рече Јериниќ.

Извор: kurir.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

ДЕНЕСКА МЕСЕЧИНАТА ВЛЕЗЕ ВО ДЕВИЦА: Три знаци да се подготват за среќни вести!

Следно

ФОТО: Девојката на шпанскиот фудбалер брутално провоцира, џабе носи костим за капење

Latest from Blog

Истрага на WSJ: Иран направи голема штета на клучната поморска база на САД (ВИДЕО)

Овој развој доаѓа откако иранските ракетни и беспилотни летала предизвикаа многу поголема штета отколку што јавно призна Пентагон. Истрагата, заснована на сателитски снимки, видеа на социјалните медиуми и официјални документи на Министерството

ВРЕДИ до ЗНАМ: Правда е забетонирана за ВЛЕН

Министерството за правда и министерството за култура се двете нови институции кои ќе ги добие Вреди по владината реконструкција, како што веќе објави Телевизија 24. Засега не е познато кои функционери ќе

Проданоски: Мариово е едно од највредните природни и културни богатства на Македонија

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска присуствуваше на одбележувањето на големиот јубилеј – 40 години од манифестацијата „Мариовско-мегленски културни средби“, што се одржа во манастирот „Св. Илија“ во Мариово. На настанот,

ТРГНАЛ ЗА МАКЕДОНИЈА, ЗАГЛАВИЛ ВО ИСТАНБУЛ: Еве уште еден пример зошто не треба да му се верува на CHAT-GPT

Семејство во Русија заглавило во Истанбул, Турција, и не можело да го продолжи планираното патувањето за Македонија, верувајќи на погрешен совет од Чат Џи-ти-пи (ChatGPT) дека за влез во Македонија на руските
Go toTop