Ковачевски: Нема застанување додека Македонија не стане дел од ЕУ

April 18, 2024
1 min read

„Нема откажување од иднината“ гласи мотото под кое СДСМ и Коалицијата за европска иднина ќе настапи во кампањата за парламентарните избори. На почетокот на кампањата, претседателот на партијата, Димитар Ковачевски истакна дека тие имаат издржан и остварлив план што е преточен во програма за наредните четири години. Тој најави, како што рече, конечна и решителна борба против криминалот и корупцијата. Ковачевски додаде дека главниот фокус останува членството во ЕУ. Настанот, посветен на стартот на кампањата, започна со видео обраќање на германскиот канцелар, кој е и претседател на сестринската партија на СДСМ – ПЕС, Олаф Шолц, со порака дека за силна ЕУ е потребен процесот на проширување со Северна Македонија.

Извор: alsat.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Највкусната кремпита: Му успева секому и тоа поради еден важен трик!

Следно

Оман: Бројот на загинати во поплавите порасна на 21

Latest from Blog

Возиња конечно промовиран во Коло Коло

Голманот на репрезентацијата на Зеленортски острови, и сензацијата од последниот Мундијал во САД, Мексико и Канада, 40. годишниот Возиња конечно е промовиран како нов член на чилеанскиот тим на Коло Коло. Тој

ТЕЖОК УДАР: Путин потпиша закон насочен кон Руси во егзил осудени во отсуство

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша закон со кој се воведуваат широки финансиски, имотни и конзуларни ограничувања за Русите што живеат во странство, а се осудени во отсуство. Ова важи и за законот

Николоски: Над 409.000 патници на скопскиот аеродром во јули – нов историски рекорд

Македонските аеродроми бележат рекордни резултати во авио-сообраќајот, а политиките за привлекување нови авиокомпании и отворање нови авиолинии веќе даваат видливи ефекти, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во гостувањето
Go toTop