Писателка Софи Кинсела се лекува од рак на мозокот

April 18, 2024
1 min read

Британската писателка Софи Кинсела објави дека ѝ бил дијагностициран рак на мозокот. Таа на Фејсбук напиша и дека добива „одлична нега“ при лекувањето.

-Кон крајот на 2022 година ми беше дијагностициран глиобластом – облик на агресивен рак на мозокот. Не сакав да го откријам тоа јавно, бидејќи сакав моите деца да имаат време да ги дознаат и обработат вестите во приватност и да се прилагодат на нашата „нова нормалност“, напиша таа.

Писателката чие вистинско име е Медлин Софи Викам, е можеби најпозната по серијата книги „Шопахолик“ (Shopaholic).

Во известувањето таа вели и оти била подложена на хемотерапија и радиотерапија, што сѐ уште се во тек. На крајот, им се заблагодари на читателите за „прекрасниот одѕив“ за нејзиниот последен роман „Прегор“ (The Burnout) што излезе од печат лани, и за тоа што обожавателите не ја оставиле да се чувствува осамена по таа сериозна дијагноза.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Хамилтон: Ќе се тркам долго откако ќе наполнам 40 години, Ферари не е нешто краткорочно

Следно

Највкусната кремпита: Му успева секому и тоа поради еден важен трик!

Latest from Blog

Го празнуваме Светиот маченик Нестор

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 27 октомври. Светиот маченик Нестор Во времето на страдањето на Св. Димитриј Мироточивиот во Солун живееше еден млад човек Нестор, којшто на верата се

Еве кои трошат повеќе од милијарда евра на слатки и чоколади

Финците потрошиле повеќе од милијарда евра на слатки и чоколади минатата година, покажуваат податоците на „С група“. Истовремено, се зголемила побарувачката за слатки на мерење, додека побарувачката за чоколада се намалила поради
Go toTop