„Европа оди надолу, со Украина врзана за нејзините нозе“

February 3, 2023
1 min read

МОСКВА (АА) – Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, денес рече дека Европа, која го поддржува Киев во неговиот воен конфликт со Москва, „паѓа надолу со Украина врзана за нејзините нозе“, пренесува Анадолу.

Во коментар на Телеграм, Захарова го цитираше претседателот на Украина, Владимир Зеленски, кој „се пожали дека темпото на санкции во Европа е намалено, и дека Русија сега побрзо се адаптира на ограничувањата“, истакнувајќи дека рестриктивните мерки довеле до развој на Русија.

„Да не беа санкциите од 2014 година наваму, одамна ќе бевме отруени со задушувачкиот комфор и парите од нафтата, „елитата“ наметната од Западот во 1990-тите немаше да ни дозволи да се развиваме.“

„Паѓајќи во рецесија, Западна Европа, која одамна ја изгуби вештината да преживее, оди кон дното, со Украина врзана за нејзините нозе“, напиша таа.

Захарова додаде дека „во средината на 20. век, Западна Европа беше спасена од самата себе од страна на советскиот народ“, мислејќи на Втората светска војна, кога Германија ја започна војната против остатокот од Европа.

Таа истакна дека сега „потребно е по вторпат да се размисли“ за повторно да се спаси Европа од себеси.

Рускиот претседател Владимир Путин вчера изјави рече дека германските тенкови повторно ѝ се закануваат на Русија, само 80 години по крајот на Втората светска војна, мислејќи на германската одлука за испраќање на своите тенкови Леопард 2 во Украина.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Две лица повредени во тешка сообраќајка во Илинден

Следно

Дојави за бомби во осум скопски училишта

Latest from Blog

Гломазниот судски процес за трагедијата во „Пулс“ буди сомнежи: Правдата може да се изгуби во колективен заборав

Една година по кобниот пожар во кочанската дискотека „Пулс“, во кој згаснаа 63 млади животи, судскиот процес се наоѓа под лупата на јавноста и политичките чинители. Преобемниот обвинителен акт, кој опфаќа десетици

ЈКП „Комуналец“ – Прилеп ги обнови корпите во Могилата на непобедените

Јавното комунално претпријатие „Комуналец“ од Прилеп изврши замена на старите корпи за отпадоци со нови во паркот кај Могилата на непобедените, еден од најпознатите културно-историски и рекреативни комплекси во градот. Од претпријатието

Иран егзекутира човек обвинет за шпионажа за Мосад

„Смртната казна на израелски шпион, кој им обезбедувал на службениците на Мосад слики и информации за чувствителни области во земјата, беше извршена утрово откако помина низ законската постапка и доби одобрение од
Go toTop