ЕУ планира нови санкции кон Русија до годишнината од војната во Украина

February 2, 2023
1 min read

БРИСЕЛ (АА) – Претседателката на Комисијата на Европската Унија (ЕУ), Урсула фон дер Лајен, изјави дека ЕУ ќе го објави 10-тиот пакет санкции кон Русија до 24 февруари, на годишнината од војната во Украина, јавува Анадолу.

Фон дер Лајен, пред Самитот ЕУ – Украина што се одржува во Киев, даде изјава за медиумите заедно со претседателот на Украина, Владимир Зеленски.

Посочувајќи дека повеќето од највисоките директори на ЕУ се во Киев за утрешниот Самит, Фон дер Лајен изјави: „Нашето присуство во Киев денеска дава многу јасен сигнал. Целата ЕУ долго време стои покрај Украина и ќе остане покрај неа сѐ додека ги брани основните права и почитувањето на меѓународното право.“

Нагласувајќи дека првата порака што сакала да ја пренесе е да се обезбеди економска безбедност на Украина, Фон дер Лајен истакна: „Генерално, економската, хуманитарната и воената поддршка на Европската Унија за Украина од почетокот на војната досега достигна речиси 50 милијарди евра.“

Наведувајќи дека ЕУ ја поддржува и енергетската безбедност на земјата, Фон дер Лајен рече дека заклучно со оваа недела, наместо претходно споменатите 30 милиони, испратени се 35 милиони ЛЕД-светилки и 2.400 дополнителни генератори.

„Ќе обезбедиме над 150 милиони евра за набавка на енергетска опрема од витално значење за Украина“, рече Фон дер Лајен.

– Обнова на Украина –

Истакнувајќи дека едно од важните прашања на агендата е обновата на Украина, Фон дер Лајен изјави дека како земји од Г7 формирале платформа за координација.

„Платформата ќе помогне да се координира меѓународната помош и да се поддржи вашата реформска агенда“, рече Фон дер Лејен, нагласувајќи дека секретаријатот на платформата ќе биде и во Киев и во Брисел.

„Русија ќе биде принудена да ја плати цената за уништувањето во Украина и да придонесе за обновата на Украина“, рече Фон дер Лајен, истакнувајќи дека ЕУ со своите партнери истражува како би можела да ги користи јавните средства на Русија во корист на Украина.

„Ќе воведеме дополнителна граница на цените на руските нафтени деривати заедно со нашите партнери од Г7 и ќе имаме за цел да го ставиме во сила 10-тиот пакет санкции до 24 февруари [на годишнината од војната]“, рече претседателката на Европската комисија.

– Судење на воените злосторници –

Истакнувајќи дека обвинителите од Украина и ЕУ работат заедно на собирањето докази, Фон дер Лајен рече:

„Задоволство ми е да објавам дека прв чекор е формирање меѓународен центар во Хаг за гонење на злосторствата сторени во агресијата над Украина.

Овој центар ќе го координира собирањето докази што треба да се достават до заедничкиот истражен тим поддржан од Евроџаст. На тој начин, многу бргу ќе бидеме подготвени да почнеме да работиме само со Украина, Евроџаст, нашиот заеднички истражен тим и Холандија.“

ЕУ и администрацијата на Украина утре во Киев ќе се сретнат на првиот самит што се организира од почетокот на војната.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Варан стави крај на репрезентативната кариера

Следно

Чувар на фирма пронајден со повреди од физички напад

Latest from Blog

Министерството за спорт ќе ја поддржи јубилејната академија на ПК „Љуботен“

Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска оствари средба со претставниците на Планинарскиот клуб „Љуботен“ од Тетово, кој годинава одбележува импресивен јубилеј – 100 години од своето формирање. ПК „Љуботен“ претставува најстар активен

„THE RED APPLE“ -Зохран Мамдани со срп и чекан на насловната на New York Times

На насловната страница на денешниот „Њујорк пост“ пишува: „Социјалистот Мамдани ја доби градоначалничката трка. Црвено јаболко“. Во позадина, Мамдани е прикажан како држи чекан и срп, додека на небото над облакодерите се

Бојан Бојковски е нов претседател на Советот на Општина Битола

На конститутивната седница на Советот на Општина Битола, за нов претседател беше избран Бојан Бојковски од ВМРО-ДПМНЕ. Седницата ја водеше највозрасната советничка Јагода Талевска од Движењето ЗНАМ, а Бојковски беше единствениот предложен
Go toTop