Автобусот со македонски туристи се судрил со два камиони во Италија

April 4, 2024
1 min read

Италијанските медиуми објавија фотографии од сообраќајната несреќа во која учествуваше автобус со македонски туристи, при што загина возачот на автобусот а повредени се 12 патници. 

До верижниот судир, како што јавуваат италијанските медиуми, дошло денеска околу 10 часот. Според информациите, автобусот се судрил со два камиони на автопатот меѓу градовите Асколи Пичено и Анкона, се судрил со два камиони.

„Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија преку Амбасадата во Рим информирано е дека денес на автопатот меѓу градовите Асколи Пичено и Анкона во Италија се случила сообраќајна незгода во која учествувал автобус на туристичка агенција од Северна Македонија, при што на лице место починал возачот на автобусот, Р. И. (1965 година) државјанин на Северна Македонија, додека полесно повредени се 12 патници, исто така наши државјани.

Министерството преку Амбасадата во Рим останува во континуирана комуникација со надлежните италијански институции, кои работат на целосно расчистување на случајот“ наведуваат од МНР.

 

 

Министерството преку Амбасадата во Рим останува во континуирана комуникација со надлежните италијански институции, кои работат на целосно расчистување на случајот.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Познатите се збогуваа со малата Данка Илиќ: „Патувај на поубаво место…“ (Фото)

Следно

Автобусот со македонски туристи се судрил со два камиони во Италија, возачот загина

Latest from Blog

ПЛЕЈ – ОФ: Цеље не успеа да испише историја, ова се сите клубови кои ќе играат во Лигата на Шампионите(ФОТО)

ФОТО:.facebook.com/nkcelje/ Штета за Цеље, тим од Словенија кој вечерва не успеа за првпат во својата историја да се пласира во ЛШ односно во Лигашката фаза во најелитното клупско натпреварување во Европа. Од

Смрт поради лајкови: Нов опасен тренд ги залуди младите- возат во спротивна насока, сѐ снимаат и објавуваат

Од таканаречените „тинејџерски лудории“ на јавни простори во Соединетите Американски Држави, што доведоа до воведување на полициски час, до „предизвикот за затемнување“, за време на кој корисниците  намерно се задушуваат, виралните, а

„Онкологија“: Одбраната посочува дека во лекувањето на 31 пациент учествувале 28 лекари

Во лекувањето на дел од пациентите во случајот „Онкологија“ учествувале повеќе медицински лица, поради што не може да се бара индивидуална одговорност за целиот процес на лекување, истакна техничкиот советник на првообвинетиот
Go toTop