Полициски патроли пред општина Арачиново

April 4, 2024
1 min read

По вооружениот инцидент што се случи во понеделникот, општина Арачиново денеска за прв пат ги отвори вратите за граѓаните. Од безбедносни причини, полициските сили од стратот на работниот ден се во дворот на оваа општина.

Граѓаните зад камерите не информираа дека услугите ги добиваат без проблем, но има зголемени контроли при влезот во објектот.

Општина Арачиново не работеше два дена, и ова не е првпат да ги затвори вратите од безбедносни причини. Минатата година општината беше затворена неколку дена, поради закани по живот на градоначалникот и вработените во општината.

Нема нови случувања околу лицето кое пукаше со калашников во правец на градоначалникот Ридван Ибрахими при што беа повредени неговиот возач и вработен во општината. Од полицијата и денеска накратко ни соопштија дека работат на расчистување на случајот, но напаѓачот и понатаму останува на слобода. Техничкиот министер за внатрешни работи вчера изјави дека вчера биле уапсени две лица за кои постои сомневање дека се поврзани со настаните во Арачиново, но во меѓувреме било констатирано дека еден од нив не е поврзан со случајот, без да прецизира дали другото лице било или не вклучено.

Ајнур Бафќари

Извор: alsat.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Фудбалер убиен на бензинска пумпа

Следно

За една година се формирале 17 нови институции

Latest from Blog

Катастрофа во Непал: Стотици загинати и исчезнати, меѓу кои околу 300 странски туристи (ВИДЕО)

Најмалку 95 лица загинаа, објави Би-Би-Си, додавајќи дека меѓу 384 исчезнати се 105 Индијци и 12 Британци, како и 111 лица чии националности сè уште не се потврдени. Ненадејните поплави во Непал
Go toTop