Фудбалер убиен на бензинска пумпа

April 4, 2024
1 min read

Поранешниот младински фудбалски репрезентативец на Јужна Африка, Лук Флерс е смртно застрелан од вооружени напаѓачи при грабеж на бензинска пумпа во Јоханесбург, соопшти денеска локалната полиција.

Флерс (24), кој минатата есен потпиша договор на две сезони со најпопуларниот јужноафрикански клуб, Кајзер Чифс, бил застрелан во градите од вооружени напаѓачи кои потоа му го украле автомобилот.

„Додека чекаше да биде послужен на бензинска пумпа, беше нападнат од двајца мажи“, изјави портпаролот на полицијата, потполковник Мавел Масондо.

Тој додаде дека полицијата трага по двајцата напаѓачи.

Флерс играше за Јужна Африка на Олимписките игри во Токио пред три години, а истата година доби повик и во сениорскиот тим за натпреварот од светските квалификации со Етиопија, но остана на клупата за резерви.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

На сила го однела својот невенчан 87-годишен сопруг на нотар за да и го препише имотот

Следно

Полициски патроли пред општина Арачиново

Latest from Blog

Катастрофа во Непал: Стотици загинати и исчезнати, меѓу кои околу 300 странски туристи (ВИДЕО)

Најмалку 95 лица загинаа, објави Би-Би-Си, додавајќи дека меѓу 384 исчезнати се 105 Индијци и 12 Британци, како и 111 лица чии националности сè уште не се потврдени. Ненадејните поплави во Непал
Go toTop