Се снима „Матрикс 5“

April 4, 2024
1 min read

Aмериканското филмско студио „Ворнер брос“ објави дека се подготвува снимањето петти дел од серијалот „Матрикс“. Тоа ќе биде првиот филм нережиран од Лана или Лили Вачовски.

Наместо тоа, сценаристот на „Марсовецот“ (The Martian), Дру Годард ќе го напише и ова сценарио, ќе режира и ќе продуцира со неговата колешка Сара Есберг. Лана Вачовски е вклучена како извршен продуцент. Сѐ уште не се знае кој од досегашните главни ѕвезди на „Матрикс“ – Кијану Ривс и Кери-Ен Мос ќе ги повторат своите улоги, и ќе им се придружи на Јахја Абдул-Матин Втори, Џонатан Гроф, Нил Патрик Харис и Пријанка Чопра Џонас кои веќе го потпишале своето учество.

Годард беше номиниран за Оскар за пишувањето на „Марсовецот“, научно-фантастичната сага во режија на Ридли Скот и со Мет Дејмон во главната улога.

-Не е претерано да се каже дека филмовите „Матрикс“ го променија и киното и мојот живот. Извонредната уметност на Лана и Лили ме инспирира секојдневно и јас сум неизмерно благодарен за можноста да раскажувам приказни во нивниот свет, изјави Годард.

Филмската приказна за „Матрикс“ почна 1999 година и се претвори во еден од највлијателните научно-фантастични серијали во историјата на филмот. Следеа три продолженија: „Матрикс: Повторно наполнет“ (The Matrix Reloaded) и „Матрикс: Револуции“ (Matrix Revolutions) од 2003., и „Матрикс: Воскреснувања“ (The Matrix Resurrections) од 2021 година. Последниот, четврти дел заработи само 159 милиони долари ширум светот наспроти буџетот од 190 милиони долари.  (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ПСЖ сè уште заинтересиран за Френки де Јонг

Следно

Најстариот Јапонец почина на 113 години

Latest from Blog

Почнува формирањето на Академијата за јавни службеници

„Академијата не е само институционална новина. Таа е инвестиција во квалитетот, интегритетот и ефикасноста на јавната администрација, а со тоа и во довербата на граѓаните во институциите.“ Со овие зборови министерот за

ВЛЕН: Via est vita – започна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Политичката партија ВЛЕН денеска соопшти дека официјално започнува изградбата на автопатот Скопје–Блаце, кој го оценува како еден од најзначајните инфраструктурни проекти за поврзување на Северна Македонија со Косово. Од партијата посочуваат дека

Меџити: Нашата работа се гледа – започна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на општина Чаир, Изет Меџити, денеска го оцени поставувањето на камен-темелникот на автопатот Скопје–Блаце како еден од најзначајните инфраструктурни проекти за земјата и за Албанците во Северна
Go toTop