Врховниот суд на Грција буквално го „чешла“ применувањето на Преспанскиот договор

April 3, 2024
1 min read

Врховниот суд на Грција со писмо предупредува за злоупотреба на Преспанскиот Договор од македонска страна. Ваква вест циркулира низ грчките медиуми последните два дена. Според нив, реакцијата на судот во Грција е поради две меѓународни правни конференции надвор од ЕУ, кога претставници од земјава учествувале под името Република Македонија. 

Треба да се биде внимателен и веднаш да се реагира, за да се обезбеди правилна употреба на името на северниот сосед. Во случај на неточна пријава од претставник на горенаведената земја или трета држава или од организаторот, тие мора да реагираат до организаторите со повикување на договорот и да не се потпишуваат на никакви заклучоци или заеднички соопштенија од тие собири.

А на панел дискусија помеѓу поранешните шефови на дипломатии на Грција, Коѕијас, Бакојани и Венизелос, потписникот на Преспанскиот договор – Коѕијас ја критикуваше грчката влада. Кажа, дека не го спроведува и го третира Преспанскиот договор како внатрепартиски проблем. Коѕијас порача и дека не е добро за Грција ако договорот не функционира, а се наврати и на преговорите за името. 

– Во меѓународното право, прашањето на идентитетот не е предмет, може да се зборува само за етничка припадност и државјанство. Им реков на Американците да не се мешаат во преговорите, бидејки автоматски ќе ги прекинам. Тажен сум што владата на Нова Демократија го третира прашањето за Договорот од Преспа како внатрепартиски проблем. Не е добро за земјата ако овој договор не функционира, вели Никос Коѕијас екс МНР на Грција.

Инаку официјална Атина се уште ги нема ратификувано трите меморандуми, кои се заглавени во грчкиот парламент, а за кои предупреди и грчката опозиција. Еден од тие меморандуми е и контролата на воздушниот простор над земјава, од страна на грчката воена авијација. Не се променети ниту таблите. Пред една недела пак, во Скопје се оддржа состанок на македонската и грчката комисија за образовни прашања. Без детали, беше објавено , само дека двете делегации се согласиле да ја продолжат работата. 

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Австриската полиција покрена истрага, бара помош од граѓаните: Објавени снимки од девојчето за кое се сомневаат дека е исчезнатата

Следно

Горан Иванишевиќ искрено за причините зошто повеќе не е тренер на Новак Ѓоковиќ: Уште лани почувствував дека крајот е близу

Latest from Blog

Орландо Блум прв пат јавно проговори за раскинувањето со Кети Пери, откри какви им се односите (ВИДЕО)

Додека беше гостин во шоуто „Тудеј“, 48-годишниот актер истакна дека е благодарен за сè и дека тој и Пери секогаш ќе бидат поврзани поради нивната петгодишна ќерка, Дејзи. Додека го промовираше „The

Птица снесе јајце во центар на теренот- ќе нема натпревари цел месец (ВИДЕО)

Фудбалерите кои пристигнаа на натпревар во регионалниот спортски комплекс Џерабомбера минатиот викенд беа пренасочени кон друг терен откако птицата лишка положи јајце во централниот круг, објави Дејли Меил. „Лишка положи јајце на синтетичкиот фудбалски

СИТЕ ТРЕБА ДА БИДАТ УБИЕНИ, повикува блокадерка на масакр на полицајци во Нови Сад (ВИДЕО)

За време на вклучувањето на Жаклина Таталовиќ на Н1, во етерот се емитуваше вистинската слика и изјава од блокадерка, која вреска дека сите полицајци треба да бидат убиени. Таталовиќка ѝ се приближува

ФОТО: Овие бои ќе ја одбележат есента 2025 година

Модните трендови за есента 2025 година носат палета која комбинира топлина, елеганција и младешка свежина. Боите што ќе ја одбележат сезоната го најавуваат враќањето на луксузните земјени тонови, нежните пастелни нијанси и
Go toTop