Брнабиќ: Денеска ги распишувам изборите за Белград, власта и опозицијата без договор за изборните услови

April 3, 2024
2 mins read

Претседателката на српското Собрание, Ана Брнабиќ, на прес-конференција по собранискиот колегиум со претставници на коалициите „Србија против насилството“ (СПН) и НАДА изјави дека не може да го прифати барањето на опозицијата сите локални избори да се одржат во ист ден и најави дека денеска ќе ги распише изборите за градот Белград и тоа за 2 јуни.

Мирослав Алексиќ, претставник на коалицијата „Србија против насилството“, изјави дека власта не се согласила сите локални избори да се одржат во ист ден и дека тие сакаат да одат на избори, но власта избрала да оди на избори без опозицијата, јави дописникот на МИА од Белград.

-Не сакам како претседател на Собранието, за првпат во историјата на Србија, да правиме недемократски преседан со кој ние како собрание ограничуваме нечиј мандат, мислам дека тоа е длабоко опасен преседан што задира во демократските принципи, изјави Брнабиќ.

Таа изјави дека барањето на опозицијата е сите избори да се одржат на 2 јуни.

-Не сум подготвена да зборувам за тоа, но дадов алтернативен предлог денеска до полноќ да се распишат изборите само во Белград за 2 јуни. Се договоривме да ги преместиме изборите во Белград до крајниот можен законски рок… и сите други избори да ги има на истиот датум и да разговараме тие избори, што паѓаат во јули или август, да бидат во септември или октомври, изјави Брнабиќ, и додаде дека „за жал, тие веднаш го одбија тој предлог и кажаа или сите три барања или ниту едно, рече Брнабиќ.

Претседателката на Собранието рече дека е особено загрижена што претставниците на СПН одбија експлицитно да работат заедно на натамошното спроведување на препораките на ОДИХР, и дека денеска ќе ги распише белградските избори за 2 јуни.

-Моја законска и уставна обврска е да ги распишам до полноќ, можеше и порано, но на барање на опозицијата и на српскиот претседател Александар Вучиќ, изборите во Белград беа поместени за 2 јуни, рече Брнабиќ.

Претставникот на коалицијата Србија против насилство, Мирослав Алексиќ, претходно денеска изјави дека власта не се согласила сите локални избори да се одржат во ист ден и дека несогласувањето со тоа ја потврдува нивната намера и во следните изборен процес да продолжат да го прават она што го прават – селењето на гласачи, притисок врз гласачите, како и фантомски гласачи.

-Ние сакаме да одиме на избори, но власта избра да оди на избори без опозицијата. Или ќе имаме избори или нема, рече Мирослав Алексиќ, пред коалицијата СПН, по собранискиот колегиум за подобрување на изборните услови со претставниците на власта.

Тој рече дека власта нема одговор на прашањето на опозицијата зошто е невозможно сите локални избори да се одржат во ист ден и додаде дека претседателката на Собранието Ана Брнабиќ ги информирала дека денеска ќе ги распише изборите во Белград.

Тој потсети дека 18 април е краен рок за промена на законот за локални избори, со што рокот за распишување избори би се зголемил од 120 на 150 дена, со што би се создале услови сите избори да се одржат во ист ден – 2 јуни.

Алексиќ не сакаше да одговори дали опозицијата ќе ги бојкотира изборите, во случај сите локални избори да не се одржат во ист ден.

Власта и опозицијата за првпат по декемвриските избори се најдоа на иста маса во парламентот во понеделник, на 1 април, за да разговараат за условите за изборите, но, како што им беше кажано на новинарите, договор не е постигнат. (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Да не се споделуваат чувствителни информации за убиството на лекарот, велат од Обвинителството

Следно

Порака на ЕУ по повод 75-годишнината на НАТО: Да ја истакнеме нашата посветеност на трансатлантската солидарност

Latest from Blog

Чуден потег на тренерот на ПСЖ: Енрике го испрати Дембеле на одмор?!

ФОТО: Ballon d`Or/X Освојувачот на “Златната топка“, Усман Дембеле нема да биде во комбинација за претстојното дерби на француското првенство помеѓу неговиот Пари Сен Жермен и Лил, откако тренерот Луис Енрике одлучи

Катастрофа во Непал: 1.500 ИСЧЕЗНАТИ И 165 ЗАГИНАТИ ВО РАЗОРНИТЕ ПОПЛАВИ

Катастрофалните поплави што ги погодија Непал и Тибет оставија пустош, со стотици загинати и речиси 1.500 луѓе кои се водат како исчезнати. Разорните надојдени води се слевале низ долините, уништувајќи цели села,

ЈП Комунална хигиена-Скопје спроведува секојдневно миење на микролокациите на контејнерите

Екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје секојдневно реализираат рачно миење на микролокациите каде што се поставени садовите наменети за одлагање комунален отпад, во сите скопски општини. Миењето на микролокациите на контејнерите се одвива

ПЛЕЈ – ОФ: Цеље не успеа да испише историја, ова се сите клубови кои ќе играат во Лигата на Шампионите(ФОТО)

ФОТО:.facebook.com/nkcelje/ Штета за Цеље, тим од Словенија кој вечерва не успеа за првпат во својата историја да се пласира во ЛШ односно во Лигашката фаза во најелитното клупско натпреварување во Европа. Од

Смрт поради лајкови: Нов опасен тренд ги залуди младите- возат во спротивна насока, сѐ снимаат и објавуваат

Од таканаречените „тинејџерски лудории“ на јавни простори во Соединетите Американски Држави, што доведоа до воведување на полициски час, до „предизвикот за затемнување“, за време на кој корисниците  намерно се задушуваат, виралните, а
Go toTop