Турските сили уапсија две лица барани со црвена потерница на Интерпол

March 29, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Турските безбедносни сили уапсија двајца осомничени за кои Интерпол има издадено црвени потерници за измама, соопшти денес турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја, пренесува Анадолу.

„Талгат Баисаов, баран со црвена потерница на Интерпол за активности на нелегални организации и шверц, и Максат Рахишов, баран со црвена потерница на Интерпол за измама, се фатени во операцијата МАХЗЕН-23 спроведена во Истанбул“, истакна Али Јерликаја на платформата Х.

Двајцата осомничени се предадени во Центарот за репатријација и ќе бидат вратени во нивните земји.

„Нема да дозволиме меѓународните организации за организиран криминал и шверцерите на дрога што го нарушуваат мирот на нашиот народ да дишат слободно, без оглед на налогот со кој се бараат. Секој од нив ќе ѝ го предадеме на правдата“, додаде Јерликаја.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ОН: Во Појасот Газа повеќе нема сигурно место за цивилите

Следно

Политичари како инфлуенсери во изборната себе промоција на социјалните мрежи

Latest from Blog

Аксиос: Турција, Египет и Пакистан посредуваат меѓу САД и Иран за смирување на конфликтот

Високи претставници на трите земји одржаа одделни разговори со претставникот на Белата куќа, Стив Виткоф, и шефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи, наведе извор пренесен од американскиот портал. „Медијацијата е во тек

Повторно ќе сведочи ,,клучниот” сведок за грабнувањето на внукот на Љубе Бошкоски, Самоил

Поминаа три години од денот кога му се изгуби секаква трага на Самоил Костадиновски, кој е внук од брат на сопругата на поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски. Тој бил киднапиран,
Go toTop