Државата треба да врати 2,2 милиони евра, европски пари злоупотребени преку програмата „Еразмус плус“

March 28, 2024
1 min read

Националната агенција пратила барање и до Управата за финансиска полиција при Министерството за финансии за доставување на информации во врска со извршените проверки на ОЛАФ од каде им било соопштено дека предметот е кај Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција и е во предистражна постапка.

Поврат на 2,2 милиони евра ќе треба да изврши Националната агенција за европски образовни програми и мобилност за средства злоупотребени преку програмата „Еразмус плус“. Националната агенција, во текот на овој месец добила известување за конечност на одлуката откако претходно на 30 ноеври 2023 година по електронска пошта од Генералниот директорат за образование млади, спорт и култура на Европската комисија, согласно извештајот на Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) биле информирани за барањето за поврат.

Директорот на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност Марко Ѓоргиевски вели дека во известувањето биле информирани дека постојат одредени наоди за неправилности во врска со проектни досиеја на 22 корисници на грант од програмата „Еразмус плус“ финансирани од Европската комисија.

 

 

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Битиќи: Скратена работна недела и просечна плата од 1.100 евра

Следно

60-годишник со метален предмет се пресметувал за паркинг место во Аеродром

Latest from Blog

Научниците зачудени од огромна структура, изградена пред 7.000 години- сега е на дното на Атлантикот

Огромната структура е снимена во Атлантскиот Океан, а нејзината возраст може да датира од 5000 година п.н.е. Зошто е изградена? Откритието е снимено во близина на Бретања, каде што научниците започнаа интензивна

Опериран поранешниот бразилски претседател Болсонаро

Поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро денес беше опериран во болница во главниот град Бразилија, соопшти неговото семејство. Болсонаро беше опериран поради хернија, а интервенцијата траеше три и пол часа и помина без

Фондот на ПИОМ со одлука за зголемување на средствата за исплата на посмртнина

Управниот одбор на Фондот на ПИОМ ја одржа 28-та седница на која донесе повеќе одлуки од негова надлежност. Заменик претседателот на Одборот, Игор Китаноски, кој ја водеше седницата, најнапред му даде збор

Јувентус го убедува Тонали да се врати во Италија

Јувентус ќе направи се оваа зима да го донесе Сандро Тонали. Како што пишува весникот „Газета дело Спорт“ главниот тренер, Лучијано Спалети, е воодушевен од италијанскиот репрезентативец од средниот ред. Раководството на
Go toTop