Жителите на Грушино десет дена се без вода

March 27, 2024
1 min read

Повеќе од 1.200 жители на Грушино, општина Арачиново, веќе 10 дена се без вода за пиење. Жителите ги обвинуваат општинските раководители дека сакаат да го преземат под менаџирање водоводот на селото, кој, според нив, е изграден пред неколку децении со инвестиција на самите жители. Револтирани, жителите велат дека пумпата за вода во Грушино, која работи на струја, веќе е префрлена на општинското јавно претпријатие „Амбиент“, со што жителите на селото не се согласуваат.

“Ние го имаме овој водовод тука веќе 50 години, ние го направивме тоа сами и со наш придонес”.

„Не ни помислив еден градоначалник кој треба да биде во служба на населението, да го казнува населенито..

„Во селото, водоводот го направивме сами, ниту општината, ниту некој ни помогна, а пак тие ни пречат, и не ни дозволуваат да работиме и да го одржуваме“, велат жителите.

Во недостиг на вода, жителите се принудени да купуваат вода за пиење, а за други потреби полнат од чешмите на селото. Недостигот на вода предизвикува проблеми и во селското училиште. учениците велат дека мириса лошо.

„Јас сум трето одделение, две недели нема вода, мирисот доаѓа од тоалетот, немаме ни вода дома. Земаме влажни марамици од дома“, вели една ученичка.

Општина Арачиново соопшти дека се во координација со општинските советници од село Грушино за решавање на ова прашање. Од општината потврдија дека во Грушино постои водоводна мрежа изградена и управувана од самите жители, но досега потрошената електрична енергија е наплатена на општинското претпријатие кое поради високите трошоци не било во можност да ги врати долговите кон ЕВН, што пак резултираше со прекин на електричната енергија.

Мелихате Рустеми

Извор: alsat.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Еден од 10 луѓе во Германија погодени од онлајн кражба на идентитет

Следно

Српското МВР ја запре потрагата по исчезнатата данка на подрачјето на Бањско Поле и Брестовачка Бања

Latest from Blog

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на Буџетот носи дополнителни 5,8 милијарди денари за инвестиции

Владата денеска, на предлог на Министерството за финансии, ги усвои Измените и дополнувањата на Буџетот за 2026 година, со кои се врши усогласување на буџетските проекции со актуелните економски движења и се

Продолжува јавната дебата за плоштадот „Гоце Делчев“ во Битола

Општина Битола денеска го одржа вториот граѓански форум посветен на уредувањето на плоштадот „Гоце Делчев“, на кој беа презентирани повеќе предлог-идеи за неговата иднина и можното ново обликување на просторот. На форумот

Морничава порака од Израел: “НА АМЕРИКА ТРЕБА ДА И СЕ СЛУЧИ НОВ 11. СЕПТЕМВРИ…“

Израелскиот аналитичар за одбрана, Бени Сабти, изјави дека САД можеби ќе мора да претрпат уште еден голем напад за да ја вратат поддршката за Израел. Сабти, експерт за Иран во израелскиот Институт
Go toTop